Извинете, вие ли бевте господинот совршен?

Ако некогаш се прашувате од каде потекнуваат сите проблеми, можам слободно да ви кажам дека скоро сите, ако не и сите започнуваат од нашата глава.

izvinete-vie-li-ste-gospodinot-sovrsen-001.jpg

Сите размислувања, преоптеретувања, сите мисли за она што требало да биде се наоѓаат токму таму. Затоа ако сакате да најдете решение на некој ваш проблем ѕирнете внатре во вашата, глава таму со сигурност ќе го најдете одговорот.

Утрото стоев до кафематот и насилно се обидував да ја пикнам банкнотата внатре, тој упорно како за инает ми ја враќаше одново и одново, а други ситни пари немав, проклетство, ќе требаше да останам без утринското кафе. Додека се борев со банкнотата и банкоматот зад мене дојде девојка која учтиво ме замоли да се тргнам, ги стави парите во банкоматот и ме праша,

“Може ли макијато? “  Јас се зачудив но потврдно кимнав со главата.

Ми го подаде кафето, стави уште една банкнота и зеде кафе за неа.

“Имаш ли пет минути?” Погледнав во сатот и и кажав дека имам цели петнаесет минути.

“Тоагаш ќе ми правиш друштво за цигара, ајде надвор”.

Збунето ја следев, колку и да ја познавав тоа беше многу чудно, особено за некој кој си го видел три пати. Но сепак пиев кафе, а тоа ми беше потребно тоа утро, кафе. Само што излеговме надвор таа почна нервозно да раскажува.

“Знаеш ли колку луѓето си имаат проблеми во својата глава. Или можеби не знам, до мене е проблемот. Цел живот се обидувам да бидам добра, да го следам кодексот на добро однесување, да не бидам како половина девојки. Лошо ли е тоа што немам огромни гради и задник и што не сум легнала со пола град. Што е она што е лошо во мене?” . Пробав да кажам нешто но попусто, беше како празна воденица и не можев да дојдам до збор.

“Зарем мора прво секој да ги гледа маните, наместо да се фокусира на она што е добро во тебе, зошто таа логика, зошто тоа попречување во нивната глава. Еве не знам, ти си момче кажи ми, дали сите така најпрво ги гледаат лошите страни или само кај него беше така. Умирам од желба да бидеме заедно, знам дека и тој исто така, но знаеш што, на господинот совршен му сметаат моите недостатоци, кои јас не ги гледам. Тој е заслепен од моите мани, толку е заслепен што воопшто не може да види што е добро во мене.”

Го испи кафето на екс, ја изгасна цигарата и замина, оставајќи ме збунет со кафето кое ми го плати, не реков ниту благодарам. На излегување се сретна со наш колега и му се обрати,

“Ооо, извинете, како сте утрово господине совршен?”

Многу работи ми станаа јасни, тој ми пристапи палејќи цигара и започнувајќи монолог. Некако им бев омилен на сите тој ден, ѕид на кој можат да ги прикачат своите приказни. Понекогаш се прашував зошто, а многумина ми рекле дека тоа е така затоа што јас сум човек на кој може да му се верува.

“Што и да ти кажала не е вистина, јас сум далеку од совршен. Но, што можам да направам кога тоа е посилно од мене. Секогаш во животот, односно отсекогаш сум ги гледал негативните работи пред позитивните. Не знам како да си помогнам и да го променам тој пристап, неколку пати сум пробал, но секогаш кога ќе наидам на девојка јас наместо да сум опиен од нејзините убавини јас се згрозувам од нејзините недостатоци”.

Јас само се насмевнав и беше време да интервенирам како некој вид на Купидон за да ја спасам хемијата помеѓу двајца млади.

“Пријателе се она што те кочи се наоѓа во твојата глава, наредниот пат кога ќе застанеш пред неа или пред било која девојка, сети се на моите зборови. Наместо да се грижиш за она што недостасува. биди восхитен од она што е присутно.

Тоа не важи само за девојките, зошто повеќето се насочувате на она што недостига. Тоа што недостига во најмала рака може да биде пополнето, дури и да не може, тоа недостига со причина. Едноставно во животот никој никогаш не може да има сѐ. Живееме со она што ни е дадено и се учиме тоа да го прифатиме како наша горна граница до совршенството.

Затоа треба да ја најдеш личноста чии мани ќе те прават среќен, бидејќи како што сам рече сите сме далеку од совршенството. Тоа е точно, никогаш нема да бидеме совршени, едноставно треба да најдеме некој со кој ќе ни биде задоволство да ги поделиме нашите недостатоци. А, за тоа да го увидиме треба да ѕирнеме во нашите мисли, како се прави тоа кај тебе треба да побараш во својата глава. Кај различни луѓе е различно.”

Благо се насмевна, ја изгаси цигарата и потрча по нервозната девојка која ми го плати кафето.

Јас со некое особено задоволство ги пиев последните голтки од чашата. Размислував за тоа колку едноставно можат да се решат некои работи, но ние како најкомплицираното од природата тежнееме уште толку да ги искомплицираме.

Има ли потреба секогаш да бараме нешто што нема да го најдеме?

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Една најважна лекција што ја научив за љубовните врски „Мојата сопруга почина по само 10 години брак, така што ‘засекогаш’ не ви е вете...
Жени откриваат: „Зошто останав со мажот кој ме изневери?“ „Останав со него бидејќи и јас го изневерив. Си простивме и заедно сме веќе 17 г...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
Зошто не треба да глумите оргазам со вашиот партнер? (18+) Зборувањето за оргазмот не само што е поволно за врската, туку влијае и на целок...
Кои застарени однесувања на мажите ја убиваат желбата за секс кај партнерката? Мажот очекува жената да ги врши секојдневните обврски, да мие садови, да пере и ...
„На 74 години имав најисполнет сексуален живот“: Познатите дами за сексот над 50-тата година „Еден од најголемите митови е дека ја губите сексуалноста со текот на годините“,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg