15 видови на љубовници кои постојат во светот
Дали некогаш сте се запрашале каков вид на љубовник сте? Или со каков вид на љубовник сте во врска?
Прочитајте ги овие 15 видови на љубовници и најдете го вашиот одговор:
1. Даватели
Ова се несебични љубовници кои постојано инвестираат во врските, поради што често сметаат дека не се доволно добри за врската или за партнерот.
2. Приматели
Ова е вид на партнер кој постојано ги превзема сите работи во врската. Верува дека тој знае најдобро како да го направи својот партнер среќен.
3. Задоволители
Овој вид на љубовник сака да му угоди на својот партнер. Наречете го тоа безусловна љубов или пријателска љубов, но само гледајќи ја насмевката на својот љубовник ги прави среќни и исполнети.
4. Контролори
Контролните љубовници изгледаат како да се грижат многу за врската, но со нив можете да почнете да се чувствувате дека ве гушат или ограничуваат. Тие користат манипулација и емоционална уцена да ве направат зависни од нив.
5. Себични љубовници
Овој вид на љубовник секогаш мисли два пати пред да даде нешто или да направи нешто убаво за вас. Тие секогаш се прашуваат: "Што имам јас од тоа?"
6. Сомничавец
Овој вид на љубовник никогаш целосно не ви верува и не се чувствува безбедно и среќно во врската. Се чувствува загрозено дури и од вашите пријатели.
7. Актерот
Актерот тешко можете да го прочитате, бидејќи се однесува како навистина да се грижи за вас. Тие постојано се обидуваат да покажат колку се загрижени за вас и вашата среќа, ве прашуваат дали сакате нешто, но во реалноста, тие никогаш не прават нешто за да направат да се чувствувате подобро.
8. Драма кралица
Овој вид на љубовник сака да доживее нешто ново во секое време, било да се работи за борба или романтичен одмор. Тие не сакаат удобност или монотонијата.
9. Занемарувачот
Овој вид на партнер ги гледа вашите недостатоци, но избира да не зборува за нив, бидејќи не сака да промени нешто во врската, наместо да се соочи со недостатоците и да зборува за истите.
10. Помошникот
Помошникот постојано се обидува да му помогне на својот партнер да стане подобар, или го поддржува или го критикува. Овој вид на партнер се однесува како маченик кој ги жртвува своите желби за да му помогне на својот партнер.
11. Посесивниот љубовник
Посесивниот љубовник може да ве сака многу, но нема доверба во вас. Постојано се чувствува загрозено, како сите останати во светот да сакаат да ве разделат.
12. Љубоморен љубовник
Љубовник кој се чувствува љубоморно на вашиот успех или вашите достигнувања. Тие најчесто го сакаат она што го имате, или повеќе.
13. Материјалистичен љубовник
Овој вид на љубовник е повеќе фокусиран на богатство и раскош од сè друго.
14. Страсен љубовник
Овој вид на љубовник е речиси секогаш сексуална напнат. Тие се исклучително страсни и се гордеат на својата сексуална моќ. Тие се полни со страст и не можат да го замислат животот во кој сексуалната интимност се наоѓа на второто место зад било што друго.
15. Романтичен љубовник
Овој вид на љубовник е вистински романтичар. Тој сака да заведува и да импресионира со романтични гестови цело време.
М. А. | Црнобело