Работи кои ќе ги научите за љубовта откако ќе ве изневерат
Некој би рекол дека нема ништо поболно од скршено срце, посебно ако истото е резултат на изневерување. За некого тоа е ултимативна измама.
Го давате срцето, а за возврат добивате низок удар.
Може да ве натера да се сомневате во себе. Целосно да ја изгубите самодовербата.
Може да ве натера да се запрашате дали сте доволни за некого. Да ве натера да се запрашате со што сте го заслужиле тоа.
Со текот на времето раните зараснуваат. Се лечат. Преживувате.
Но, ѕидот е веќе дигнат. Високо издигнат за никој да не може да допре до вас.
И можеби тешко ќе ви биде да пронајдете некој нов, но тоа не е така негативна работа. Напротив.
Тоа што сте биле повредени ве направило посилни , подобри. Ве натерало да ги отворите очите, да сфатите што сакате од врските, а што не.
И колку и да ви се чинело како тешка работа во првиот момент, сфаќате дека е најдобрата работа што ви се случила.
Никој нема да може повторно да ве измами, да ве изневери.
И по некое време сфаќате дека сте научиле 6 работи:
Знаете дека љубовта не трае засекогаш
Тешко е да сфатите дека љубовта во која сте инвестирале толку многу, не е трајна. Изневерувањето ќе го тргне од вашиот речник зборот „засекогаш“.
Ќе сфатите дека секоја врска не е она вистинската со големо „В“.
А, овој благ скептицизам е добар. Здрав.
Сфаќате дека љубомората е најопасната емоција на планетата Земја
Љубомората може целосно да ве освои по изневерувањето.
Започнувате да се споредувате себеси со другите и се запрашувате што тргнало наопаку. Што го натерало партнерот да си замине.
Лизгав под кој лесно може да ве упати во погрешен правец, да ве остави празни.
Љубомората само ве гори однатре.
Личноста која ве изневерила не го заслужува вашиот гнев, туку сожалување.
Учите дека луѓето се способни да направат многу лоши работи
Станувате свесни за злобата во овој свет.
Луѓето се способни да направат непростливи работи и можеби сте шокирани и револтирани, но таква е реалноста.
Знаете дека луѓето се злобни, па учите да ги пронаоѓате оние добрите, оние што се еден во илјада, игла во снопот сено.
Учите дека довербата е најважната работа во врската
Нема да има ништо поважно од довербата. Еднаш ако се скрши, никогаш повеќе нема да се врати во својата првобитна форма.
Можеби ќе ги залепите скршените парчиња, но тие остануваат само како залепени парчиња.
Ако немате доверба во некого, врската е осудена на пропаст.
Но, ако најдете некој кој ја заслужува вашата врска, истата станува само посилна.
Сфаќате дека само љубовта не е доволна
Животот ни носи многу лекции, а една од нив е дека љубовта сама по себе, не е доволна.
Има уште многу важни работи во една врска.
Потребна е ултимативна посветеност. Бескрајна и несебична.
Љубовта е моќна сила, но сама по себе не преживува. Потребна е работа.
Сфаќате дека сте посилни отколку што мислите
Откако некој ќе ви зарие ниж во грбот, ќе научите на што сè сте подготвени.
Изневерувањето ве прави само посилни.
Ние сме колекција склопена во едно од сите наши минати искуства, лоши и добри, болни и пријатни.
А, траумата само ве тера да продолжите понатаму.
На крајот,
Вие сте личноста која ја извојувала битката.
Ја освоила војната.
Н. Г. | Црнобело