Дојдете со подароци: 7 начини како да се справите со неговата фамилија

Родителите на партнерот може да не ви бидат секогаш пријатни. Или чувствувате дека сее непријателски настроени или едноставно вам не ви се допаѓаат...

dojdete-so-podaroci-7-nachini-kako-da-se-spravite-so-negovata-familija-01.jpg

Има начин како да се справите со нив:

1. Подгответе се за „нападот“

Иако „напад“ е силен збор во случајов, сепак не е лошо да бидете подготвени на сѐ. Од друга страна пак, не треба да се вознемирувате околу сите нешта кои можат да тргнат наопаку, но сепак бидете свесни дека луѓето се понапнати за време на празниците отколку вообичаено.

Тие се исто толку уморни и исцрпени како и вие, а тоа треба секогаш да го имате на памет. Бидете подготвени на напната атмосфера, агресивен глас дури и пасивно-агресивни коментари. Клучот е да го издржите сето тоа достоинствено.


2. Дојдете со подароци

Факт е дека подароците на сите ни прават мерак и веројатно подобро ќе бидете пречекани. Без разлика кои сте или на која возраст – сите сакаат подароци. Затоа, кога ќе влезете во домот на неговите родители, носете подароци. Тоа е лесен и брз начин за да ја намалите тензијата. Исто така, ќе бидете пречекани со насмевки, а подароците дури не мора да бидат скапи.


3. Носете алкохол

Бесплатен алкохол? Одлично. Дури и неговите родители ќе се благодарни затоа што носите вино. Не само што е прекрасен подарок, туку и сите се опуштаат после неколку чаши. Иако никогаш не треба да се потпирате на алкохолот за да се опуштите и убаво да си поминете со неговите родители, чаша-две нема да ви наштетат.


4. Не се пијанете

Сепак, не претерувајте. Иако алкохолот ќе ја смири ситуацијата, премногу алкохол може да предизвика само проблеми. Сѐ ќе биде супер сѐ додека не испиете малку повеќе и ѝ кажете на неговата мајка колку всушност е грд шалот што ви го купила.


5. Понудете помош

Прво, ова треба да биде од љубезност, а второ тоа може да ви ги стопли односите. Некако логично е кога ќе завршите со јадење во нечиј дом, да помогнете околу средување на чиниите. Не само што ја намалува тензијата меѓу вас и неговата мајка, туку и имате можност подобро да ја запознаете. А таа ќе ви биде вечно благодарна.


6. Целете кон тоа да научите нешто ново

Конкретно – за неговото семејство. Ако ова е прв пат што се запознавате, тогаш супер – сѐ што дознавате е нешто ново.  Но, ако сте биле еднаш или два пати, потрудете се да имате добра комуникација и да дознаете нешто што не сте го знаеле до сега. Ова ќе ви отвори многу теми за разговор и ќе им покаже дека искрено сакате да ги запознаете – а тоа значи дека ќе се чувствувате поудобно.


7. Бидете позитивни

Не може да имате позитивен исход ако влезете проколнувајќи го целиот ден. Престанете! Влезете со позитивни мисли. Кажете си дека ќе помините одлично и ви гарантираме дека така ќе биде. 

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе ги споделуваат најсмешните митови за сексот што ги слушнале (и во кои верувале) (18+) „Кога бев во средно, тогашниот дечко ми рече дека поради триењето, сексот може д...
„По 20 години брак побарав развод од сопругата затоа што дознав дека ме изневерувала на факултет – З... „На излегување, една од нејзините цимерки ме однесе на страна и ми кажа дека тре...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Која секс поза под туш е најбезбедна и ќе ви донесе најголемо уживање, според сексолог? (18+) Безбедна секс поза и нелизгачка постилка во бањата... Што ви е потребно за сексо...
„Јас сум разведена жена и за една работа се каам најмногу“ „Се каам што ја пренагласив улогата негова сопруга и заборавив да ги следам свои...
8 типови на жени по кои мажите лудуваат Од љубезната девојка во соседството, до мистериозната фатална жена, овие типови ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg