Зошто те сакам?
После долго зјапање во мене, ме праша „зошто те сакам?“
Тогаш не знаев што да ти кажам. Ете така, љубовта се случува. Најубава е онаа која не можеш да ја објасниш.
Но, по непроспиени ноќи и постојано ехо од прашањето, сфатив дека те сакам поради куп причини.
Те сакам затоа што имаш насмевка која раскажува приказни.
Те сакам затоа што во твоите очи го сместувам целиот мој свет.
Те сакам затоа што твојата прегратка ги лекува моите лузни.
Те сакам затоа што одново ме натера да верувам во љубов!
Те сакам затоа што ми го радуваш срцето, ми го забрзуваш пулсот.
Те сакам затоа што ме научи како да се борам во животот.
Те сакам затоа што знаеш кога ми е најпотребен збор за утеха.
Те сакам затоа што јас без тебе не би била цела.
Те сакам затоа што си единствен.
М. К. | Црнобело