Совети за големите љубовници
Доколку сакате да уживате во сексот не ви е потребно совршено тело или совршена насмевка. Псотојат неколку мали работи кои можат да го подобрат...
...вашиот сексуален живот. Затоа прочитајте внимателно!
1. Препуштете им се на фантазиите
Креветот навистина е најудобната опција, но промената на локацијата значително го освежува сексуалниот живот, посебно во долгогодишните врски каде страста полека исчезнува.
Одберете нешто поразлично. Заменете го креветот со лифт, двор, купатило, кујна. Или едноставно тркалајте се по подот. Ставете се во улога на полицаец кој ја возбудува или медицинска сестра која ќе го возбуди него.2. Заборавете на комплексите
Ова посебно важи за жените, но постојат и мажи кои се опседнати со своето тело.
Ако веќе сте стигнале до секс тоа значи дека на партнерот сте му навистина привлечни. Вашите сексуални желби слободно споделете ги во овој момент.
Слободно кажете што сакате, што ве возбудува, а што не. Бидете подготвени и да ги ислушате и да ја исполните желбата и на другата страна.
3. Задржете го темпото и динамиката на сексуалните односи
Не заборавајте дека сексот треба да биде активност која ќе ја практикувате често. Долгите врски знаат да се карактеризираат со монотон и нередовен сексуален живот. Не дозволувајте ова да ви премине и вам во пракса.
4. Почитувајте ги барањата на партнерот
Во врската давањето и земањето е најважно. Затоа кога ќе добиете нешто, бидете подготвени на барања и од страна на партнерот кои очекува да бидат исполнети.