Кога ви треба љубов, но се губите во страста...

Безнадежен романтичар сум. Јас сум девојка со бујна фантазија и живеам за силните, страсни и бурни емоции. Живеам за највисоките извори на задоволства, но и најмрачните длабочини на болката.

koga-vi-treba-ljubov-no-se-gubite-vo-strasta-01.jpg

Златната средина едноставно ми е непозната. Па затоа, можам слободно да кажам дека сум девојка која живее за љубовта, барем за идејата што значи поимот љубов.

Што друго инаку може да ги предизвика оние најбурни и најсилни емоции, како што го може тоа љубовта?

Средината е досадна. Само екстремите фасцинираат...

Токму затоа, можам да кажам дека не сум од оние девојки кои сакаат традиционална свадба со бел фустан. Едноставно, тоа не е за мене.

Сакам уште еден див свет покрај мене, неконвенционален дух со кој ќе можам да градам авантуристички настроен живот. Некој со кој ќе можам да патувам. Некој со кој ќе можам да ги истражувам улиците на некој сосема непознат град.

Некој кој е ноќна птица која храбро чекори кон непознатото.

За жал, секогаш кога ќе најдев некоја нова личност, без разлика на тоа колку истата ме возбудува и предизвикува, повторно го имав во себе она чувство на неуморност и трепет.

Без разлика на тоа колку и да се трудев да потонам во љубовта, моите очи гледаа на друга страна.

Мојата глава бескрајно го подучуваше моето срце: „Ова е тоа што го сакаш. Оваа е таа неверојатна личност која ја бараш. Смири се и препушти се на љубовта“.

Но, сè беше залудно. Колку и да ги слушав зборовите кои доаѓаа од мојот разум, нешто внатре повторно трепереше. Некое внатрешно чувство како нешто да ми недостасува. Како да пропуштам нешто.

Бев фатена во кругот на тоа да имам потреба од некој покрај себе, а да ја посакувам секоја личност.

Тогаш кога ќе се ослободев од мојата фасада, знаев дека посакувам нешто подлабоко од само моментална страст и сласт, кратка авантура и 5-минутен флерт. Но, и анксиозноста ме преплавуваше од самата помисла за моногамија.

Што ако пропуштам нешто? Што ако оваа личност е само компромис за мене? Што ако само залудно го трошам моето време со погрешната личност кога можам да живеам независно и слободно да уживам сама со себе?

И колку  да знаете дека една врска е токму она што ви треба интелектуално, внатре во себе, во најдлабоките бунари на вашата душа едноставно сè уште постои некој страв и сомнеж.

Сакате љубов, но се губите во страста

Сакате да потонете во љубовта. Сте ја вкусиле и порано и во најдлабоките делови од вашата душа знаете какво значење има тој збор.

Сакате да ја искусите треската која доаѓа со љубовта.

Но, градот и неговата светлина ве оддалечува од овој поим. Секојпат кога мислите дека сте подготвени повторно да сакате, склопувате пакт со искушенијата на страста и физичкото.


Потребна ви е стабилност, но посакувате нови работи

Вашиот живот е сè освен конзистентен, па длабоко во себе знаете дека имате потреба од некој на кој можете да се потпрете. Некој кој ќе биде тука за вас, кога ви е потребен.

Но, толку сте навикнати на оваа нестабилност, неконзистентност, што кога сте конфронтирани со нешто стабилно и сигурно, знаете дека морате да избегате.

Бегате кон нешто познато – возбудата. Новите работи. Непознатите работи. Опасноста.

Сè она што длабоко во себе знаете дека ќе ве остави во болка, во оган од кој ќе изгорете...


Ви треба некој кој цврсто ќе ве држи, но не сакате да бидете задржани

Тешко е секоја вечер да легнувате сами во празниот и студен кревет. Очајно сакате топло тело покрај себе. Посакувате топлина и емоции од некој познат лик. Посакувате нежни допири кои се нешто повеќе од само обичен секс.

Но, за жал, се плашите дека ќе завршите во врска која ќе биде како и секоја друга просечна...

Се плашите од оној момент кога „Јас“ ќе се претвори во „Ние“.


Ја посакувате вистинската личност, но се плашите дека ќе погрешите

И претходно сте гледале луѓе со своите втори половини. Луѓе кои очигледно се еден за друг.

Сте виделе како функционираат и сето тоа ви се чини неверојатно. Знаете дека е најубавата работа на светот.

Но, сте виделе и блиски пријатели кои завршиле со погрешни личности. И сте виделе како изгледа нивниот живот кога го градат заедно со личност која не е соодветна за нив.

И покрај тоа, никогаш не си заминуваат од таа врска. Бидејќи еднаш штом ќе изградите цел еден свет со таа личност, како можете да најдете сила во себе за да ја напуштите таа личност?

Потребни се години за да се изгради заеднички живот. Зарем можете да ја издржите помислата дека треба да започнете нешто одново, дека над рушевините треба да изградите нешто ново?


Сакате некој да го прифати вашиот повик, но не сакате да одговарате некому

Знаете дека сакате да имате некој на кој ќе можете да му се јавите во било кое време од денот или ноќта, некој кој ќе ја крене слушалката и ќе биде тука за вас кога ви е најпотребен.

Но, едноставно не сте сигурни дека сте подготвени да ја кренете слушалката...

Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: Како да ја одржите хармонијата во бракот, според адвокати за разводи? Никогаш не ги игнорирајте малите проблеми и секој ден поминувајте барем 20 минут...
Прашувам за пријател: „Дали ставањето 'лајк' на фотки од други жени на Инстаграм е неверство?“ „Веќе две години сум со моето момче и замислувам да се венчаме и заедно да основ...
Порака до сите љубовници: „Не барајте мир во туѓа неволја и не се лажете дека не сте виновни“ Зошто постојат жени што прифаќаат да бидат нечии љубовници? Зошто веќе не се цен...
Исповед на зависник од секс: „Ја изневерив сопругата со 300 жени уште пред да се венчаме“ (18+) „И покрај неверствата, имав секс и со сопругата скоро секој ден. Неретко бев мно...
8 работи што емоционално интелигентните луѓе не му ги прават на партнерот Не ги банализираат проблемите на партнерот и не избегнуваат одговорност кога ќе ...
Знаци дека сте во врска со партнер кој ве контролира (дури и ако не ви изгледа така), според психија... „Сум имал многу пациенти кои биле во врска со партнер кој ги контролира и, во по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg