Зошто му дозволив на сопругот да спие со други жени?
Сара Хоселини, поранешен телевизиски продуцент, ја споделува својата приказна за тоа како нејзиното ниско либидо ја натерало да му даде слобода на својот сопруг да спие со други жени само за да го задржи својот брак.
Низ еден текст таа ја споделила својата приказна за тоа како ретко размислува за секс откако ги добила своите деца: „Се обидов досега многупати да имам секс, но не сум расположена и на крајот се чувствувам ужасно“.
Токму затоа, надевајќи се дека само така ќе го зачува својот брак, решила да живее во отворен брак во кој нејзиниот сопруг може да спие со други жени.
„Отворениот брак не е идеален за мене, но не е ни разводот“ – објаснува таа.
На почетокот верувала дека нејзиното ниско либидо е резултат на некаква промена на хормоните, по породувањето, но две години подоцна таа сè уште немала никаков интерес за интимност.
По голем број на тестирања сфатила дека не е нешто физиолошко во прашање, туку нешто психолошко.
Единствениот период кога има максимална желба за секс е периодот кога е во овулација, но и тоа често знае да не се случи, посебно ако има болна овулација.
„Сите мислат дека ако парот нема редовен секс, тогаш дефинитивно ќе се разведе. Но, јас не се согласувам. Имаме други заеднички работи, а мојот сопруг може слободно да има секс со други жени, ако има таква потреба“ – објаснува Хоселини.