Начинот на кој се држите за раце со партнерот може да ви ја опише врската
За да се процени односот на двајца партнери, не треба многу. Доволен е начинот на кој се држите за раце за да можете да откриете каква е вашата љубовна состојба.
Постојат 9 основни начини на кои паровите се држат за раце.
Кој е вашиот и што тој открива?
1. Дланка кон дланка
Во овој случај симболиката е баш таква каква што изгледа - оној чија рака е одозгора, тој има слична, доминантна позиција и во врската.
2. Преплетени прсти
Паровите кои ја практикуваат оваа положба сакаат секогаш да бидат еден до друг. Поврзани се преку физичка привлечност, но и многу подлабоко. Немаат проблем со тоа да ја покажат ранливоста пред партнерот.
3. Потпирач за прст
Двајцата партнери се независни личности кои имаат лични страсти и интереси надвор од љубовниот однос. Уживаат во самостојноста и важно им е да ја сочуваат слободата. Сепак, знаат да воспостават длабока врска.
4. Држење за прст
Се работи за опуштена врска, која навидум не изгледа интимно, но е романтична и стабилна.
5. Преку рамо
Ова е многу повеќе од просто држење за раце. Овде контактот се пренесува на целото тело. делува заштитнички, а улогата на заштитник ја има партнерот чија рака е префрлена преку рамото на другиот.
6. Пасивно држење за раце
Во овој случај нема потпирање на партнерот и сè во врската делува недефинирано. Не е искажана никаква наклонетост на партнерите и емоциите слабо доаѓаат до израз.
7. „Моја дамо“
Често се гледа на венчавките и во филмовите, а сведочи за здрава врска, полна со почит која е изградена на база на доверба и воодушевување.
8. Релаксирано држење за рака
Можеби најсамоуверениот начин на држење за раце. Покажува почит меѓу партнерите и стабилен однос. Иако ставот е опуштен, сепак е интимен. Ваквите партнери се интимни до крајни граници.
9. Држење за зглоб
Иако може да изгледа по малку агресивно, сосема е спротивно - преплетените раце се симбол за интима и страст.