Жените одговорија: Кои години се идеални за стапување во брак?
Кога е идеално време за брак - рани или доцни 30-ти? Или сепак 20-тите? Сега една анкета преку апликација за пронаоѓање партнери Rendeevoo, го има конечниот одговор.
Во испитувањето на оваа тема учествувале 2.000 жени од Велика Британија, од кои 1.000 жени без партнери помеѓу 18 и 40 години и 1.000 омажени жени постари од 60 години.
Одговорите покажале дека жените помлади од 40 години сметаат дека идеално е ако стапите во брак на 27 години.
Од друга страна, повозрасните жени кои биле веќе омажени признале дека влегле во брак многу млади (околу 22 години) и никогаш не зажалиле за тоа.
Како време за најдобро пронаоѓање на партнер, првата група испитаници ја одредила 26-та година, а втората група 19-та година.
Што најмногу се цени кај мажот?
Дополнително прашање имало и за квалитетот кој мажот би требало да го поседува.
На ова прашање смислата за хумор ја цени 81% од жените, а за 70% најважна е верноста.
Колку се разликуваат вашите одговори на овие прашања?