Зошто велам „Те сакам“

Животот нè учи на многу работи, една од нив која ќе ја сфатиме порано или подоцна е дека луѓето кои ти го исполнуваат денот со насмевка и внесуваат свежина во секој твој копнеж се оние со кои треба да го продолжиш животот за навек.

zosto-velam-te-sakam.jpg

Затоа не се срамете од своите чувства и не се срамете да кажете „Те сакам“, а тоа може да го направите поради многу причини. Но, најслатко од сè е реакцијата која доаѓа од другата страна.

Па, зошто велам те сакам?

Бидејќи уживам во твоето неконтролирано смеење кога ќе ги слушнеш тие зборови. Уживам во таа искрена насмевка која прави да заборавам на сè она што било и на сè она што ќе биде и само сакам да живеам во моментот кога ти си крај мене.

Тоа го велам бидејќи го мислам искрено, со секој дел од моето битие, со секое влакно на моето тело кое се накострешува кога ќе помислам на тие искрени зборови упатени кон тебе.

„Те сакам“ е молитва со која ми започнува денот, а ми започнува среќно, бидејќи знам дека ти си во него. И нема посилна мисла, нема посилна водилка која ме носи низ животот. Едноставно е, ако не си ти, не сум ни јас.

Кога велам „Те сакам“ мислам на сè она што сме преживеале, на секоја твоја солза, која не дај Боже некогаш да биде од тага, нека доаѓа само од среќа, среќа која ја добиваш од овие зборови.

И те сакам неизмерно, бидејќи тоа е смислата на постоењето, а кога ќе го кажеш толку гласно за Универзумот да слушне, тогаш ќе се поремети секој процес во секоја клетка од твоето тело и ќе разбереш дека сè има смисла, дури и она што претходно немало.

И ќе продолжам да велам, секогаш и секаде, за тебе, нека слушнат сите дека смислата на постоењето е да бидеш во една бесконечна јамка на непрестајно сакање. А со тоа да бидеш среќен на начин на којшто никогаш не си бил.

Затоа не се штедете.

Убаво е барем по еднаш, како доза лек во денот, да речете „Те сакам“.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg