10 показатели дека покрај вас имате партнер со кој духовно созревате
Покрај компатибилноста, разбирањето и љубовта, секој бара партнер со кој ќе може да созрева и да се надградува, да расте.
Како да знаете дека сте го пронашле?
1. Неговата љубов е безусловна
Тоа е првата и најдобра работа која ќе ве увери дека може да се ослободите. Ако љубовта е безусловна, без посебни барања и очекувања, тогаш ќе може да се опуштите и да бидете свои.
2. Сфаќате дека многу сте научиле од него
Ненамерно, ненаметливо, ви пренел голем број од вештините и знаењата? Уште еден добар знак.
3. Има малку чуден видик на светот
Но, затоа што во овој свет потребно е да излезете од шаблонот, тоа е само предност.
4. Способен е да развие длабока врска и со другите луѓе во животот
Тој не би требало да се задоволува со површни познанства.
5. Мирен тип е и ја цени тишината
Би требало да биде склон кон уживање во мир, а не да го фасцинираат гужвите и хаосот. Само со таква личност ќе можете спокојно да растете.
6. Ги цени ситниците
Не очекува нешто големо од вас затоа што знае дека го сакате. Доволно е да ужива во малите ситници кои ја потврдуваат вашата љубов.
7. Не игра игри
Односно, не е незрел. Мудрите души се секогаш сконцентрирани на она што го сакаат, затоа што знаат дека тоа е искрено и автентично.
8. Може да ви се причини дека е апатичен, но само е смирен
Тоа што не реагира бурно и не се расфрла со емоции не значи дека ги нема. Старите и мудри души секогаш се смирени и фокусирани на делувањето, наместо на покажувањето пред другите.
9. Сигурни сте дека нема да ве изневери
Човекот со кој можете да созревате никогаш нема да биде центар на драми и конфликти. Свесен е дека либидото не е посилно од неговиот ум.
10. Ве инспирира
Старите души инспирираат несвесно. Тие ве поттикнуваат да бидете подобри затоа што и тие самите постојано тежнеат кон истото.