5 најчести прашања за сексот кои луѓето ги пребаруваат на интернет
Интернетот воведе многу промени во секојдневието на просечниот човек, а меѓу првите е пристапот кон информациите. Една од предностите е тоа што незгодните прашања не мора да ги поставите гледајќи го соговорникот во очи.
Yahoo открива кои се најчесто пребаруваните прашања и како што можете да очекувате, станува збор за прашања кои се однесуваат на темата секс:
1. „Може ли жената да забремени за време на менструацијата“?
Ова е најпопуларното прашање во врска со сексот и пребарувано е повеќе од 50.000 пати месечно, а одговорот на прашањето е да.
2. „Може ли да се забремени и од предсемена ејакулација“?
Ова е уште едно најчесто пребарувано прашање чиј одговор, исто така е да. Репродуктивниот состав на секој маж се разликува и некои испуштаат мали количини на сперма и пред да ејакулираат. Само малку е доволно за да се оплоди женската јајце клетка, па добро е секогаш да употребувате заштита за време на сексот.
3. „Може ли херпесот да се пренесе преку бакнежи“?
Уште едно често пребарувано прашање чиј одговор е да. Лекарите нагласуваат дека херпесот е пренослив преку допири, бакнежи и сексуален контакт.
4. „Зошто не можам да достигнам оргазам“?
Ова прашање се поставува околу 2.400 пати месечно. Понекогаш причините за тоа се некаква траума, лични проблеми, но најчесто главен виновник е стресот. Сексуалните терапевти препорачуваат да се опуштите и да размислувате позитивно. Помагаат и сексуалните фантазии.
5. „Зошто сексот боли“?
Лекарите истакнуваат дека сексот не би требало да боли, но ако тоа се случува, веројатно главни причини се неискуството, стравот, напнатоста и недовербата во партнерот. Ако проблемот не е од психичка причина, тогаш замолете го партнерот да биде понежен и употребувајте некаков лубрикант.