На следниот агол ме чека некој друг...
Кој знае зошто те сретнав... Со причина ли!? Не ми се верува. Ако беше со причина ќе сретнев некој прекрасен човек. Волшебен.
Ама, ете, те сретнав тебе. Проклетник. Тежок идиот.
Белото го правеше црно. Сонцето – мрак. Од два денари – еден.
Не, јас не заслужив човек како тебе.
Не заслужив срцето да ми биде распарано, да крвари од очај.
Не заслужив да не бидам сакана, возвишувана, да не бидам бакнувана.
Не заслужив студени прегратки и молитви за малку милост.
Зошто да те молам да глумиш страст?
Зошто да те молам да глумиш љубов?
Веројатно, веќе таму на следниот агол ме чека некој друг.
Некој, кој било да е, каков било да е, со сигурност е сто пати подобар од тебе.
Сигурно е човек.
Нему нема да му биде тешко да каже „благодарам“ или „извини“.
Нему нема да му биде тешко да каже што чувствува.
Тој некој, бидејќи е човек ќе знае што со моево срце.
Бидејќи е маж ќе знае што да прави со моето тело.
Тој некој, ќе го закрпи срцево.
Ќе ми ја стопли душата.
Ќе ми го врати сјајот во очите.
М.К. | Црнобело