5 знаци кои покажуваат дека вашата љубовна врска е изградена за да трае
Сериозните врски не се само насмевки и среќни моменти, тие се нешто подлабоко. Содржат многу слоеви во себе.
Тоа е партнерства на две индивидуи кои решиле заеднички да го извадат најдоброто од себе. Но, за да изградите здрава и силна врска потребно е да поминете низ „сито и решето“ што велат старите. Да бидете тука кога тоа е најпотребно, да му помогнете на парнерот да се исправи секогаш кога ќе „падне“.
Ако успеете да се сакате секој ден сè повеќе, тоа е еден од најдобрите знаци кои укажуваат дека врската ќе трае засекогаш!
Помош
Да живеете заедно подразбира и да ги поделите подеднакво обврските како чистење, фрлање ѓубре, шетање со кучето. Но, се случува кога еден од партерите нема да може да ги заврши обврските од одредени причини, тука се гледа издржливоста – ако другиот ги преземе одговрностите на себе. Кога ќе му помогнете затоа што тој има премногу работа, е болен или слично. Кога знаете дека имате поддршка – ете тоа е вистински партнер.
Си оставаат простор
Некои личности едноставно не зборуваат и не се расправаат кога се лути, сакат да останат малку сами или да излезат со пријателите да си ги „изветрeат“ мислите од кавгата со партнерот. Паровите кои се предодредени да траат засекогаш го почитуваат ова правило. Си оставаат простор еден со друг, знаејќи дека следниот ден ќе разговараат со смирени емоции.
Доверба
Без оглед на тоа колку доверба си имате меѓусебно, понекогаш се случува нешто што ќе ви ја испровоцира љубомората во вас (без разлика што немате причина за љубомора). Но, тоа е во ред. Сепак сме само луѓе и чувствата некогаш нè надвладуваат. Ако не се чувствувате пријатно поради некоја ситуација или работа, тогаш кажете му ја на партнерот, така ќе си ја зацврстите довербата. Ако ги чувате таквите емоции длабоко во себе, ќе дојде време кога ќе сфатите дека го мразите вашиот партнер, а сигурно не сакате да стигнете до таму.
Се забавувате
Да бидете со некого тоа значи да се забавувате со него, да ве надополнува и совршено да ве разбира, да знае како да ве насмее. Така што имитирања, смешни танц потези, интерни шеги се дел од многуте работи кои треба да ве расположуваат и да ве забавуваат кога сте заедно.
Се слушате меѓусебно
Некогаш ви е дојдено преку глава од сè, некогаш имате толку многу негатива насобрано во вас од секојдневните случувања што не ви е дојдено до ништо на светот. Некогаш знаеме беспотребно да ја префрлиме сета лутина на партнерот, но долговечните врски знаат како да се справат со тоа. Партнерите во ваква врска не избувнуваат и нема да ја треснат вратата зад себе - тие ќе седнат и ќе се ислушаат. Преку тоа си покажуваат колку си значат меѓусебно.