Дали флертува со вас или е само пријателски настроен? Како да препознаете дали е тој вистински заинтересиран за вас?

Понекогаш е многу тешко да одредите дали флертува или само е пријателски расположен.

Dali-flertuva-so-vas-ili-e-samo-prijatelski-nastroen-Kako-da-prepoznaete-dali-e-toj-vistinski-zainteresiran-za-vas-01.jpg

Дали кога ја држи вратата отворена не пуштајќи ве да си одите сака да биде само љубезен или нешто повеќе се крие зад тоа? Постојат знаци по кои можете да препознаете дали му се допаѓате.

Изгледа нервозно

Ако ви е само пријател нема зошто да биде нервозен кога е со вас, па ако забележите дека црвенее и се збунува, очигледно е дека му се допаѓате. Во спротивно, би можел да ве гледа во очи без да се „дави“ во сопствената пот.


Сака да биде насамо со вас

Освен ако не сака насамо, без никој да ве чуе да ви каже сочни детали за девојката со која вчера ја поминал ноќта.

Но, ако инсистира да зборувате еден на еден и при тоа ве покани да дојдете кај него, тогаш не ве гледа само како пријателка.


Тој памети сè што е поврзано за вас

Да, пријателите не треба да ви го заборават роденденот, но ако тој памети што сте носеле првиот пат кога сте излегле и која боја се вашите омилени бонбони, го памети тоа со причина


Ве гледа во уста

Ако ве гледа во устата, тогаш си замислува како ве бакнува, меѓу другото. Едноставно немал храброст да ги претвори своите соништа во јаве.


Дава сугестивни коментари

Дали прави вулгарни шеги во скоро секој разговор? Ако секогаш наоѓа по нешто вулгарно да дофрли, треба да ви е јасно што му паѓа на ум кога ве гледа.


Секогаш изгледа најдобро што може кога е со вас

Ако за него знаевте дека носи свлечени панталони и дуксери, но додека е со вас изгледаа сосем средено, има нешто зад тоа. Повеќето мажи не се грижат многу за трендовите и модата, но ако се труди, знајте дека сака да ве импресионира.


Тој не зборува за други девојки кога е со вас

Ако бевте вистински пријатели ќе сакаше да ви раскаже за девојките со кои излегува. Ако не се врти по ниту една друга девојка кога е со вас, тоа значи дека „паѓа“ токму на вас.


Изгледа дека му е досадно кога зборувате за други момчиња

Ова е најголемиот знак дека му се допаѓате. Ако кога ќе спомнете некој пријател неговото расположение во секунда се менува, тоа значи дека сака да биде единствениот со кој ќе се состанувате. Не сака да знае за конкуренцијата.


Целото негово внимание е насочено кон вас

Кога зборувате – ве слуша. Го игнорира телефонот додека е со вас. Буквално целиот фокус е насочен кон вас, затоа што сте му важна.


Ве допира секогаш кога има прилика

Некои луѓе едноставно така функционираат, имаат навика често да го допираат соговорникот. Но, ако вие сте единствената со која така разговара, тогаш многу му се допаѓате.

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Знаци дека сте во врска со партнер кој ве контролира (дури и ако не ви изгледа така), според психија... „Сум имал многу пациенти кои биле во врска со партнер кој ги контролира и, во по...
Прашувам за пријател: „Сопругот не сака деца, а јас сум љубоморна на мојата бремена пријателка - што... „Кога се запознавме ми кажа дека не сака да имаме деца додека немаме своја куќа....
Зошто ја напуштив сопругата за љубовницата (и што можеше таа да направи за да ме задржи)? „Во спалната соба Меги почна да зазема одбранбена поза, стуткана во аголот со св...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
„Прирачник“ за мажи: 12 докази дека таа е жената што ви треба во животот Таа е интелектуално предизвикувачка, односно со неа може да се водат интелектуал...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg