Каква лекција научив од едногодишното апстинирање од секс?

Минатата година непознат глас никна од мене: Доста ми е од пропаднати врски и разочарувања. Одлучив да апстинирам цела една година од состаноци и секс.

kakva-lekcija-nauciv-od-ednogodishnoto-apstiniranje-od-seks-01.jpg

Ова беше ветување кое си го дадов на себеси и кое го одржав и беше најдобриот подарок кој некогаш си го имам дадено.

Љубовта која ја барав во другите, ја пронајдов во себеси.

Одржувањето на ова ветување испрати порака до секој дел од моето битие, дека јас сум моќна и мојот живот е значаен. Беше ветување кое ме просветли. Ми даде слобода, љубов и простор да ја откријам Вистинската јас, мојата човечност и достоинство.

Кога си го дадов ова ветување, влегов во врска со самата себе и научив како сама да си бидам најдобар пријател. Ја пронајдов силата која отсекогаш ја барав во мажите, длабоко во мене.

Времето кое го поминав сама со себе ми даде можност да се поврзам со сопствениот глас и сила.

За првпат во мојот живот си дадов можност да се откријам себеси, да живеам слушајќи го моето срце и да се сакам себеси онаква каква што сум.

Оваа година ми даде можност вистински и искрено да се почувствувам како убаво, страсно битие во кое гори неизмерна љубов. Открив дека токму тука лежи мојата вистинска моќ – во мојот внатрешен глас.

Секој предизвик со кој се соочував оваа година служеше како лекција за растење и созревање. Научив да се грижам и да го штитам сопствениот живот.

Најважната лекција која ја научив оваа година беше да се сакам себеси, да не бидам жртва на верувањето „Јас сум беспомошна без маж во мојот живот“.

Ова патување се состоеше од напорна работа и издржливост, но никогаш не бев сама – тука беа пријателите и најблиските со нивната неизмерна поддршка.

Се надевам дека мојата приказна ќе служи како пример за другите – пример по кој ќе ви заздрават раните од минатите искуства.

Би можело да ве интересира:

Навики со кои несвесно си ја уништувате врската, низ илустрации Го критикувате партнерот за секоја ситница и си давате слобода да одлучувате за ...
Жена (34) со искрена исповед: „Откако сопругот се здебели, не чувствувам никаква сексуална привлечно... „Повеќе не чувствувам привлечност и никаква желба, каква што има тој. Знам дека ...
Исповед на жена: „30 години бев во брак со зависник од секс – животот ми беше пекол“ „Додека бевме млад пар, водени од љубовта и страста си мислев: ‘Боже, сигурно мн...
Што да правите кога вашиот партнер работи премногу? Работата е неминовна кога треба да се заработи за живот, а некои луѓе често рабо...
Српски психолог е хит на Инстаграм - објасни зошто балканските мажи не се разведуваат од сопругите Колкави се шансите мажот да се разведе од сопругата за да биде со љубовницата? „...
Што е „предвремена интимност“ и колку време треба да чекате за првиот секс, според експерт за врски Знаете ли што е „предвремена интимност“? Таа не се однесува само на сексот, туку...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg