Жените сакаат романтика
Кога станува збор за романтика, повеќето мажи немаат поим на што „паѓаат“ жените. За најголем број од мажите врв на романтиката е скапоцен подарок...
...или секси долна облека.
Жените пак, сосема спротивно на тоа, неизбежно „паѓаат“ на ситници како што се романтичен викенд, појадок во кревет, да и понудите палто кога и студи, неочекувано да и подарите цвеќе, да и кажете дека е најпрекрасната жена која сте ја сретнале во животот, да и испратите романтична порака, да и подготвите купка после напорен ден или да и ја снимите омилената песна.
Истражувањето во кое биле вклучени 6500 мажи и жени од сите делови на светот покажа дека најмалку романтични се британските мажи.
Тие најчесто сметаат дека скапоцен подарок или секси долна облека се најдобриот начин да освојат некоја жена.
Ова истражување исто така покажа и дека 52 % од жените никогаш не доживеале некој партнер да им подготви миризлива купка после стресен ден, на 45% од жените партнерот никогаш не им понудил палто кога им студело, а повеќе од половина од жените никогаш не биле на романтичен викенд со својот партнер.