Причини поради кои есента не е време за врски

Имавте доста време да лудувате во текот на летниот период. Сега е време да се посветите на себеси. Тоа значи дека треба да расчистите со прашањата што сакате од себеси и од иднината.

Prichini-zoshto-esnta-ne-e-vreme-za-vrski-01.jpg

Токму затоа, не е паметна идеја сега да вложувате во сериозна врска.

Тагата не е шега

Промената на сезоната може депресивно да влијае на вас. Тоа им се случува на поголемиот дел од жените кои се на возраст од 15 до 55 години.

Ако се чувствувате депресивно, излезете со момчето кое веќе подолго време ви се додворува, но немојте да мислите дека тоа ќе ги реши вашите проблеми. Може да ги направи дури и полоши.

Тој можеби ќе биде вистински џентлмен, но ако вие не се чувствувате добро не е убаво да почнете да градите врска која нема да има здрави темели.

Наместо тоа додека сте сингл искористете го времето за себе и вашите проблеми.


Фокусирајте се на себе

По сите забави, плажи и патувања сега е време да се сконцентрирате на себе. Време е да размислувате за вашиот живот, за навиките, принципите и да одлучите што сакате да промените.

Ќе имате повеќе шанси да го најдете Вистинскиот ако бидете 100% сигурни што сакате од себеси и од животот.


Потполно уживајте во сезоната на празниците

Статистиките покажуваат дека слободните девојки многу повеќе се забавуваат за време на празниците.

Плус нема да мора да одбирате дали сакате да ги поминете слободните денови со партнерот или со пријателите.

Ако сте сингл не брзајте веднаш во нова врска има толку многу работи кои можете да ги правите додека сте сингл.


Раскинувањето е потешко во есен

Многу потешко се пребродува раскинување во есен и зима отколку на пролет и лето. Дождливо и мрачно време, кратки денови, долги ноќи...

Ако не сте подготвени да се соочите со пропадната врска, не избрзувајте да влезете во врска.

Продолжете да излегувате на состаноци додека не го најдете оној кој ви одговара. Ако не успее ниту тоа, низ градот има многу забави и активности кои можете со задоволство да ги правите додека сте сингл.

Би можело да ве интересира:

„Сопругот не сака да има секс со мене откако останав бремена – што да правам?“ „Не беше вака пред да останам бремена, па почнав да се мразам и себеси и него и ...
Непотребни грижи за сексот што ги имаат скоро сите, според експерт (18+) Нормално е и мажите да имаат намалено либидо, а жените не треба да бидат опседна...
Луѓе ги споделуваат најсмешните митови за сексот што ги слушнале (и во кои верувале) (18+) „Кога бев во средно, тогашниот дечко ми рече дека поради триењето, сексот може д...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Либидо диета: Што да јадете за подобар сексуален живот (според нутриционист)? Еден од најпопуларните начини на исхрана во моментов во Британија е таканаречена...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg