Ви посакуваме секој ден да ви се случува љубов
Има нешта кои се сосема бесплатни, а предизвикуваат толку многу насмевки. Ете, ви посакуваме тие да ви се случуваат секоја минутка...
Ви посакуваме секој ден да ви се случува љубов.
Љубов која е магична, за да бидете среќни, љубов која ве тера да дишете се подлабоко, љубов која ве подмалдува, љубов преполна со страст која ја раздвижува секоја клетка.
Љубов, никаде досега незапишана, душите да ви ја напишат, сјајот во очите да ја раскажува.
Колку и да ви звучи невообичено, ви посакуваме време.
Време за вас и вашите најмили.
Време за прегратки, време за бакнежи, време за страст, време за нежност, време за внимание...
Дозволете си мигови на уживање.
Најдете време за да прочитате книга од вашиот омилен автор.
Најдете време да подготвите, да испробате некое ново јадење.
Најдете време да помагате. Помогнете му на некој кој има помалку од вас, некој кој е несреќен или тажен.
Времето кое го трошите на убави и благородни работи никогаш не е изгубено време.
Набавете си волнено карирано ќебе и не плашете сè од студот.
Наметнете се и првото утринско кафе испијте го на вашиот балкон.
Уживајте во глетката, почувствувајте го ритамот на градот кој почнува да се буди, израдувајте некое ластовиче со тоа што ќе му оставите леб на вашата тераса.
Ценете ги миговите кога поминувате време сами со себе наутро, бидејќи во текот на денот обврските и луѓето знаат да ви ја одземат енергијата.
Љубете и вдишувајте длабоко, ова е уште еден прекрасен ден!
Автор: М.К. | Црнобело