Садо-мазохизам и неговите 50 нијанси

21-от век ни донесе голема популаризација на поранешните табу теми, особено преку серии, филмови и книги. Иако пишување и проучување на теми поврзани со секс и садо-мазохизам биле често и порано, поради општествените норми, тие биле забранувани. Веќе речиси сите се запознаени со термините: садизам и мазохизам.

sado-mazohizam-i-negovite-50-nijansi-01.jpg

Етимолошки, овие зборови потекнуваат од нивните креатори, писателите Маркиз де Сад и Леополд фон Мазох. Иако тие не се првите писатели кои се занимавале со оваа тематика, тие се општо прифатени.

Мазохизам е  ментална болест која се карактеризира со чувство на задоволство при самоповредување, односно чувство на болка, додека садизам се карактеризира како ментална болест каде што задоволството се постигнува со нанесување болка на друго лице (физичка и ментална).

Постојат многу причини поради кои некој ужива во садизам, односно мазохизам, а кои зависат од поединецот. За некој ова е вид на терапевтско бегство од стрес, одговорности или вина, додека за некој чувството на потчинетост и контрола може да предизвика чувство на безбедност и заштита, поврзани со детството и најчесто недостаток на истите чувства. Сепак, не е доволно истражено што точно ги поврзува овие емоционални искуства за сексуалното задоволување.

Докази за овие практики можат да се најдат во некои од најстарите текстуални записи во светот. Еден од најстарите графички докази за садомазохистички активности се наоѓа во етрурската гробница во близина на Тарквинија, која датира од петтиот век пред нашата ера. Во гробницата се наоѓа фреска која отсликува двајца мажи кои повредуваат жена со трска и рака за време на еротска ситуација. Овие примери биле најчесто поврзани со обреди на иницијација.

Во Кама Сутра се опишани четири различни видови на удирање при секс. Таму пишува дека гризење и стискање за време на сексуалната активност можело да се изврши само консензуално. Кама Сутра се смета за еден од првите пишани извори кои се занимаваат со садо-мазохистичка тематика.

Крајот на осумдесеттите години на 20-от век, со развивање на интернет, носи експлозија на интереси за ваквиот начин на живот. Различни супкултури создаваат групи за запознавање и дружење. Исто така, секс продавници почнуваат да продаваат нови реквизити, како камшици, лисици и сл. Денес овие супкултури можат да се пронајдат низ целиот свет.

Автор: М.А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Непотребни грижи за сексот што ги имаат скоро сите, според експерт (18+) Нормално е и мажите да имаат намалено либидо, а жените не треба да бидат опседна...
Жени споделуваат смешни (и засрамувачки) незгоди од секс за време на бременост „Бев околу четвртиот месец во бременоста и користевме некој нов лубрикант, како ...
Што го предизвикува болниот секс кај мажи и жени + како да ја намалите болката? Сексот може да биде болен и за мажите и за жените, а за тоа постојат повеќе прич...
Ефектот „Мерилин Монро“ е хит на социјалните мрежи – Како ми помогна во љубовниот живот? „Мерилин ти благодарам, ми помогна“ – вели колумнистката Јана Хокинг која редовн...
Прашувам за пријател: „Сопругот дозна дека гледам порно и си замина од дома - како да го вратам?“ (1... „Се изненадив што тој се вознемири. Сега мисли дека не ме задоволува. Толку...
Мажот мора да биде повисок: Необични правила за љубовни состаноци и врски од минатото Жените никогаш не треба да го направат првиот чекор, додека мажот секогаш треба ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg