Како да сакате девојка која не знае како да биде сакана?

Без разлика на тоа дали сме биле свесни или не, во животот сме се запознале или сме биле со некоја девојка која може да се именува како „Госпоѓица Независна“.

kako-da-sakate-devojka-koja-ne-znae-kako-da-bide-sakana-001.jpg

Некои од нас многу добро ја познаваат, а некои и самите тврдат дека се.

Таа си е доволна сама на себе.

Таа е мистериозна девојка со големи соништа и уште поголемо срце, но тоа не може секој да го забележи на прв поглед.

Некои ја гледаат како ладна и недостапна, бидејќи на неa и е потребно доволно време да биде сама.

Да, таа има семејство и пријатели кои ги сака и со кои сака да го поминува своето време, но во нејзина природа е да сака да се затвори во себеси и да биде сама со своите мисли.

Некои тоа го викаат антисоцијалност, но за неа тоа е да се биде ментално здрава личност.

Таа никогаш не е оној тип кој се заљубува до уши.

Па и да била во врска, веројатно тоа биле најчудните и тешки моменти во нејзиниот живот.

Можеби премногу е фокусирана на своите цели, за да сфати дека љубовта тропнала и на нејзините порти.

Или можеби едноставно се плаши да ги отвори вратите и да дозволи да биде сакана.

Без разлика на тоа каков е случајот, оваа девојка не знае како да се соочи со љубовта, па потребен е вистинскиот човек кој ќе успее да ги скроти нејзините емоции.

Каков е тој човек?

Тој човек е трпелив.

Тој не очекува од неа секогаш да се чувствува удобно во романтичните ситуации, бидејќи знае дека и треба храброст да се соочи со емоциите кои навираат.

Оној кој навистина ја сака, подготвен е да и ја даде потребната слобода и целосно да ја разбере.

Тој човек разговара.

Девојката која долго време поминува во размислување и сама со себе, најчесто верува дека нејзините мисли се пресериозни и тешки за разговарање.

Токму затоа, вистинскиот умее да разговара за темите кои ја интересираат. Знае да навлезе во филозофските теми кои ја интересираат. Знае како да направи длабоки разговори.

И што е најважно секогаш ја потсетува дека е убава онаква каква што е.

Убава е не само за нејзиниот физички изглед, туку и со нејзината душа.

Со нејзиниот ум.

Тој ја поддржува.

Ако некој ја принуди да одбере меѓу љубовта и нејзините цели, треба да знае дека има веќе одамна го има направено изборот – целите и се сè во животот.

А, оној кој навистина ја сака нема да ја натера да одбира меѓу двете, туку ќе ја поддржува во она што ја мотивира, во она каде се насочени нејзините волја и дух.

И запомнете, оваа „Госпоѓица Независна“ не сака да се потпира на другите, колку и да им верува.

Па добро е да размислувате на тоа не како да бидете две делчиња споени во едно, туку една целина која тежнее да биде поголема.

Сака да бидете независни и самостојни, како што е и таа самата.

Дозволете и да открие, дека длабоко во себе, посакува и тежнее да сака и да биде сакана.

Ако ви го дозволи тоа, запомнете - се труди. Силно и искрено.

И запаметете дека со самото учење како да биде сакана, веќе сте стигнале до нејзиното срце.

Би можело да ве интересира:

Најчестите сексуални проблеми во 50-тите години од животот (и како да ги решите) Намалено либидо, проблеми со ерекција, сувост… Некои промени кои доаѓаат со возр...
Зошто ја напуштив сопругата за љубовницата (и што можеше таа да направи за да ме задржи)? „Во спалната соба Меги почна да зазема одбранбена поза, стуткана во аголот со св...
Исповед на зависник од секс: „Ја изневерив сопругата со 300 жени уште пред да се венчаме“ (18+) „И покрај неверствата, имав секс и со сопругата скоро секој ден. Неретко бев мно...
Прашања кои треба да си ги поставите ако размислувате да ставите крај на врската или бракот Дали само се расправате или ги решавате проблемите? А, дали имате заедничка визи...
„Алергична сум на семена течност и кондоми – Што ми се случува по секој секс?“ Алергијата на семена течност е мошне ретка реакција на протеините што се застапе...
3 причини зошто некои жени се „магнет“ за лоши мажи и нарциси Ако забележувате дека постојано ве привлекуваат и завршувате во врска со ист тип...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg