Зошто сум сама? Ќе ви кажам, но не знам дали ќе ви се допадне одговорот

Речиси сите од моето друштво последниве неколку месеци застанаа пред матичар. Сезоната на свадби почна во ноември минатата година и уште трае. Само минатиот викенд имав две. Ненад, најдобриот другар, се ожени минатиот петок. Една од моите најдобри другарки се омажи прва. Пред неколку дена дознав и дека е бремена. Останатите се во среќни долгогодишни врски.

zosto-sum-sama-ke-vi-kazam-no-neznam-dali-ke-vi-se-dopadne-odgovorot-01.jpg

Носталгијата по безгрижните денови ме натера да размислам. Плус, вујкото на Ненад баш ме праша кога сум јас на ред.

Бев во шок. Не дека не ме прашале и порано, но зошто баш сега? Затоа што сите се веќе во брак или сум толку стара?

Имам 26, наскоро полнам 27 години. Тоа изгледа се годините кога луѓето очекуваат да застанеш пред матичар или барем да си во долга врска и да очекуваш нешто во блиска иднина. Јас немам ништо од тоа.

Јас имам малку покомплицирана филозофија на таа тема и нема ама баш никаква врска со годините. Верувам дека бракот е прилика, а не одлука.

Кога велам прилика, не мислам на автомобил или стан, туку на личноста. Немаме сите доволно среќа уште во средно да сретнеме човек кој ќе ни одговара до крајот на животот. На некои им треба време. И по некоја утка.

Дали воопшто сакам да стапам во брак? Еден ден да, сега... па не баш. Ви велам, нема тоа врска со годините, туку со личноста. Немам ни момче, а за каков сопруг зборуваме?

Е тука лежи зајакот. Ако нешто најмногу ме нервира е прашањето „Зошто немаш момче?“

Немам. Одлучив до крај на животот да останам сама. Се згрозувам од физичкиот контакт и вртам глава кога и да ми се доближи некој. Лош ми е хороскопот, наталната карта уште полоша. Тато не ми дава да излезам пред 35-та. Сарказам. Мојот омилен.

Но, имам филозофија и на таа тема.

Сама сум од средно. Денес не се оптоварувам со тој факт, но поодамна, тоа звучеше многу поинаку во моите уши.

Што не е во ред со мене? Каде грешам? Дали килограмите се проблем? Како другите девојки успеваат? Мене тоа никогаш нема да ми се случи...

И како капак на сите прашања зошто немам момче, следува омилената реченица на мојата пријателка „Најубавите години ќе ги поминеш сама...“

Некако западнав во магичен круг. Постојано размислував за тоа. Во морето од такви мисли, мојата самодоверба крена раце од мене.

Не знам точно кога, ни како, но успеав и да излезам од тој круг. Дали човек се навикнува или само мојата самодоверба сакаше повторно да се дружиме, не знам, но веќе не размислувам за тоа.

Не е трагедија да бидеш сам. Тажно и понекогаш можеби тешко, но не е трагично. И не е редок случај.

Жалам за времето кое го трошев размислувајќи за тоа. Можев да ослабам. Или да завршам мастер.

Затоа, ве молам не ми го поставувајте тоа прашање. Не е тоа болна точка, туку едноставно немам одговор на тоа прашање. Немам среќа, не се случило или што и да е. Но, верувам дека ќе се случи.

До тогаш, љубезно ќе ја игнорирам љубопитноста и суптилно ќе менувам тема.

Навистина верувам дека братучедот од тетката на мојата пријателка од средно е океј дечко, но оставете ме, ќе се случи и без притисок. Можеби не денес, може утре.

Тука завршува мојата филозофија. И за крај, имам две вести - добра и лоша.

Лоша вест: Вашето добронамерно плеткање не ми го промени животот. Уште сум сама.

Добра вест: Можеби малку ми се допаѓа еден колега.

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена жена и за една работа се каам најмногу“ „Се каам што ја пренагласив улогата негова сопруга и заборавив да ги следам свои...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg