Никогаш не го оставајте мажот кој ги има овие 10 особини

Многу девојки се жалат како нема доволно добри, слободни мажи. Можеби е така само затоа што не знаете да ги препознаете нивните квалитети.

tumblr_nqb3z2oBQ01qm4ynuo1_500.jpg

Девојките главно се водат по емоциите при изборот на партнер, но понекогаш добро е и да го вклучите мозокот. Ако се одлучите за тоа, потрудете се да најдете маж кој ги има овие 10 особини и не го испуштајте од рака.

1. Кога нешто кажува – тоа и го прави

Па дури и кога ќе го утне она што го направил, постои оправдана и издржана причина за тоа. Важно е да си стои на зборот. На крајот од краиштата никој не е совршен, доволно е да знае да си ја признае грешката и да се извини за неа.


2. Ви се јавува редовно

Ова го вклучува и јавувањето дента по првиот состанок. И да, се јавува, не пишува порака. Не само што на тој начин се покажува како пристоен, туку и дека нема многу време да си игра игри од типот кој ќе се јави прв или колку време треба да помине пред да преземам нешто.


3. Знае што сака

Тоа може да биде во врска со работата, со семејството, со иднината, но и со вас. Важно е да е сигурен во своите одлуки.


4. Сака да ги запознае вашите пријатели

Затоа што ако вие ги сакате и почитувате, тогаш би требало да се дел и од неговиот живот. Исто така, би сакал и вие да ги запознаете неговите пријатели.


5. Не се жали кога треба да се видите со родителите и семејството

Иако тоа е ваше семејство, свесни сте дека понекогаш знаат да бидат напорни. Го знае тоа и тој, но никогаш нема да го покаже или изговори на глас, посебно кога вашите родители ќе испланираат заеднички ручек или собир.


6. Знае што е компромис

Тој нема проблем да ја изгледа новата епизода од вашата женска серија, затоа што знае дека тоа ве прави среќни. Но, потоа со право ќе очекува да му се придружите на пиво и натпревар, или во краен случај само да не му го менувате каналот.


7. Не сака да ве промени

Свесен е дека совршениот човек не постои и подготвен е да работите на вашите маани и квалитети заедно како тим.


8. Знае да слуша

Ниту еден маж нема да ја запамети баш секоја ситница за вас. Но, ако знае да ве изненади со некои детали од време – на време, тоа е значи дека бил присутен и ве слушал.


9. Не се плаши од своите емоции

Затоа што знае дека да имаш емоции не е „лигаво.“ Ако не се плаши да ги искаже емоциите, тоа е добар темел за градење на стабилна врска.


10. Покрај него се чувствувате секси и во пижами

Без средена фризура, извиткани трепки и штикли... Во маица и ништо повеќе. Или во негова тренерка.

А, од каква жена не треба да се откаже ниту еден маж? Откријте тука.

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Прашувам за пријател: „Сопругот не сака деца, а јас сум љубоморна на мојата бремена пријателка - што... „Кога се запознавме ми кажа дека не сака да имаме деца додека немаме своја куќа....
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg