Во врска со постар маж или постара жена - љубов или корист?
Последните години се наметнува нова мода: постар маж со млада девојка и младо момче со возрасна жена.
Сигурно ќе се најде некоја романтична душа која ќе се обиде да ме демантира со муабетот дека љубовта не познава ни граници, ни години.
Бидете искрени и признајте како изгледа во вашите очи девојка во прегратка на некој кој може да и биде татко!?
Настрана Едиповиот синдром кој подразбира секое момче да бара девојка слична на неговата мајка и девојката да бара партнер сличен на нејзиниот татко, овде зборуваме за разлика во години која е поголема од десет години.
Нормално е барем за жените да преферираат постари партнери.
Тоа не го прават само заради искуството и техниките во постелата, пред сè тука има длабок психолошки порив.
Постарите, што би рекле, се „изживеани“ и девојките чувствуваат некоја сигурност, заштита, поткрепа.
Момците ги одбираат возрасните дами веројатно за докажување на нивната машкост и хранење на нивното его.
Најчесто, ваквите разлики во „светлосни години“ се поттикнати од финансиска причина, без разлика во каква комбинација се!
Жалосно, ќе рече првиот, вториот ќе потсети дека ова е капитализам!
Можеби затоа светот е во проклет неред: ако порано беше нормално луѓето да се сакаат, а материјалните нешта да се користат, сега дојде време кога се љубат материјалните нешта, а се користат луѓето!
Автор: М.К. | Црнобело