Дали е возможно да сакате две личности во исто време?

Ако некогаш сте помислиле дека сте „посебен случај“ затоа што истовремено сакате две личности, имаме утеха - не, не сте лош човек и партнер затоа што тоа е возможно и понормално отколку што мислевте.

sto-koga-sakate-dve-licnosti-vo-isto-vreme-01.jpg

Еден професор по психологија истовременото заљубување во две личности го опишува вака:

„Обично сметаме дека љубовта има само еден вкус, но тоа е погрешно. Гледајте на љубовта вака - чоколадата и јагодите се многу различни, но и двата вкусови се сјајни. Ние сме комплицирани суштества и затоа е многу лесно две потполно различни личности кои имаат два посебни карактери исто да влијаат на нас.“

Тој смета дека привлечноста меѓу луѓето е биолошко искуство, па се случува дури и кога сме во долга и сериозна врска, да запознаеме личност која ќе ни ги разбуди хормоните.

А кога измеѓу двајца партнери ќе треба да одберете еден, овој психолог тврди дека сепак има решение:

„Продолжете да истражувате и да ги испитувате афинитетите, како и плановите кои ги имаат со вас. Отворените врски не се многу прифатени, но во овој случај само може да ви помогнат. Знам дека ова е ужасен предлог, но е делотворен. Направете листа на предности и маани, но бидете болно искрени. Можеби моментално сте заплеткани во страстите, но несебичната и цврстата љубов секогаш испливува на површина.“

Би можело да ве интересира:

5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
Совети за парови со деца: Како да најдете време (и енергија) за секс? (18+) Кога имате бројни обврски околу децата и домот и кога немате многу време за себе...
Предупредувачки знаци дека се соочувате со криза во бракот, низ илустрации Останувате заедно само поради децата и тешко ви е да се присетите на убавите мом...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg