Кога жените изневеруваат, тоа го кријат подобро од мажите: Ова се нивните тајни
Жените изневеруваат, знаеме дека веќе знаете, но кога ќе се спомне зборот афера, ретко кој помислува на неверна жена.
Ова се најголемите женски тајни заради кои никогаш нема да бидат фатени на дело:
1. Знаат да чуваат тајни
Иако звучи неверојатно, многу добро знаат да сочуваат тајна. Можеби не знаат да премолчат детали кои им ги кажала колешката, но кога се работи за нивниот љубовен живот (посебно оној забранетиот) и тоа како знаат да молчат.
2. Знаат и да лажат, посебно во кревет
Се верува дека жената губи на вредност ако спиела со премногу мажи, па лажењето и прикривањето им е сосема природно. Така, кога мажот ќе ја праша како било, ќе одговори со одлично, иако било само просечно. Ваквиот тренинг ги оспособува жените да лажат и за сексот за кој никој не смее да дознае.
3. Внимаваат на деталите
Мажите се невнимателни. Тој нема да забележи дека мириса на женски парфем или има пудра на кошулата, па ќе заборави да ги сокрие доказите. Жената која изневерува знае да го одбере совршеното место и време кога да го направи тоа, а облеката и ќе ја испегла ако треба пред да се врати дома. Жените се педантни и внимателни и затоа подобро изневеруваат.