Вратете се кај старата љубов
Понекогаш, навистина ви е преку глава од разните совети на интернет од типот: запалете ги фотографиите од вашиот поранешен, избришете го од листата на контакти, фрлете ги сите подароци. Колку само ваквите работи не доликуваат на возрасни луѓе.
Ако некого избришете од листата на Фејсбук пријатели не значи дека ќе го избришете од својот живот.
Велат враќањето на минатото е најлошата работа која човек може да ја направи. Но, ајде бидете искрени, колку пати сте ја фатиле вашата свест како размислува за некоја поранешна љубов?
Иако жените почесто признаваат, не значи дека мажите не размислуваат за ова. Денес, сигурно и вие познавате неколку „среќно“ оженети мажи коишто согледале дека само поминале покрај својата сродна душа.
Да тргнеме од претпоставката дека враќањето кај поранешниот партнер не би значело чекор кон минатото, туку чекор кон љубовта. Сепак, не ја земајте оваа претпоставка како изговор за да се вратите на поранешниот доколку сте раскинале заради недостаток на љубов.
Претпоставката е дозволена само доколку ве разделил некој друг, амбициите, далечината....
Враќањето кај поранешниот за кого сè уште имате чувства е тешка одлука.
Но, во целата приказна има предобар момент: ниту вие, ниту тој имате потреба да се запознавате меѓусебно, да глумите тоа што не сте, имате љубов, а и сексот ви бил одличен.
Ако сфатите дека некој од вашите поранешни бил посебен, зошто не би му се вратиле?
Љубовта е единственото нешто што ги множи со нула сите човекови глупости и општествени деформитети. Мислам дека нема поубаво чувство да се разбудите покрај некој што ви бил сè, а ве разделиле само патиштата.
Автор: М.К. | Црнобело