Како жените успеваат од својот партнер да направат слабак?
Голем делод дамите успеваат да влијаат на волјата и однесувањето на своите партнери и несвесно да направат од нив маж со кој понатаму не би сакале да продолжат да бидат во врска, бидејќи не е доволно мажествен.
Ако го поставите прашањето: Што им пречи на жените кај мажите, ќе наидете на голем број одговори, а еден од нив е универзален – ниту една не сака слабак.
Сепак,поголемиот дел од жените несвесно успеваат да направат од својот партнер човек каков со кој не би сакале да бидат во врска, бидејќи не е доволно мажествен.
Еве што не би требале да правите со својот партнер:
1. Не ја преземајте контролата над неговиот живот
Жените се посвете и одговорни, затоа на училиште биле добри ученици, а на работа се добри работници. Така се однесуваат и со својот маж кој го гледаат како партнер со кој би сакале да го поминат целиот свој живот.
Го гледаат како проект, го анализираат неговиот живот и го контролираат секое негово движење. Некои мажи на почетокот ќе се спротивстават на ова однесување, а многумина по линија на помал отпор ќе ги толерираат своите партнерки.
2. Не се обидувајте да бидете маж
Пари, престиж, моќ, доминација... тоа се работи кои подеднакво им станаа важни не само на мажите, туку и на жените кои со презир гледаат на оние карактеристики кои ги прават нежни и женствени. Сепак, ова не карактеристика на која треба да гледате како на слабост и да ја „убивате“.
3. Не му го менувајте карактерот
Некои жени се склони кон емотивни уценувања како „ако ме сакаш, нема да го правиш тоа“, а заљубениот маж ќе се потруди да се промени.
На крајот голема е веројатноста дека ќе слушнете како излегуваат од вас зборовите: „Ти немаш свое јас“, токму поради првобитните промени кои сте се обиделе да ги направите. Партнерот прифатете го онаков каков што е или воопшто не се обидувајте да бидете во врска со него.
4. Не го ограничувајте
Кога ќе пристигне времето за посериозни работи на љубовен и семеен план, како деца, дамите од страв дека ќе го изгубат својот партнер, најчесто се одлучуваат да го контролираат нивното однесување и постапки.
Така добиваат само ранета птица во кафез која ако вратата е отворена ќе избега.
5. Не го навредувајте
Покрај слободата, на мажите важно им е и достоинството. Избегнувајте ги зборовите како губитник или неспособен, бидејќи тие ја нарушуваат неговата самодоверба и неговата машкост.
Дури и кога сте лути обидете се да бидете разумни. Многу полесно е да се простат пцостите, одошто навредливите зборови и етикетите.