Кога ќе стане здодевно: 20 начини како да ја освежите долгата врска
Никој кој е во долгогодишна врска го нема вистинскиот одговор на прашањето како засекогаш да ја одржите искрата на вашата љубов. Почетоците се секогаш забавни и возбудливи, но мистериозноста и пеперутките во стомакот по некое време си заминуваат.
Како поминува времето, како вашата врска станува се подолга, така онаа почетна возбуда и среќа стануваат бледи и фазата на меден месец во врската си заминува.
Сепак, само затоа што сте долго во врска не значи дека истата треба да стане рутина која може многу бргу да ви досади.
Предизвикајте се себеси и направете романсата да остане свежа и да трае долго.
Еве како можете да го направите тоа:
1. Отпатувајте заедно.
2. Испробајте некое заедничко хоби.
3. Излезете на вечера во парови.
4. Одвојте време само за вас двајца.
5. Отворено разговарајте за вашите чувства.
6. Планирајте што ќе правите следната година, или за 5 години.
7. Испланирајте една заедничка активност за во иднина.
8. Одете заедно на масажа.
9. Заедно згответе некое ново јадење.
10. Не заборавајте да си кажете колку сте убави.
11. Заедно запишете се на некој курс.
12. Започнете заедно да играте некоја друштвена игра.
13. Непланирано отпатувајте некаде за викенд.
14. Направете и донесете си појадок во кревет.
15. Заедно очистете ја куќата.
16. Повремено исклучувајте ги телефоните, телевизорот и компјутерот и посветете се еден на друг.
17. Уживајте во топла купка заедно.
18. Дајте си нови предизвици еден на друг.
19. Заедно прочитајте некоја книга.
20. Секогаш наоѓајте време за партнерот.