Покажете дека сте заљубени!

pokazete-deka-ste-zaljubeni-povekjeПостои разлика помеѓу тоа да сакаш некого и да му покажеш дека го сакаш. Секако, можно е и некој да ви покаже дека ве сака, а тоа воопшто да не е така.

 

Однесувањето со кое покажуваме на другата личност дека ни се допаѓа односно дека сме заљубени во неа е нешто кое се учи со тек на време. Животот ќе ве научи како да дадете вистиниски знаци на љубовта.

pokazete-deka-ste-zaljubeni

Знак дека сте заљубени може да биде некој голем гест или пак најмала порака. Цвет или убава песна која ќе ја посветите на саканата личност. Не секогаш знаеме како да покажеме дека сме заљубени. Но, затоа го имаме цело време и трпение на светот да му се посветиме на оној кој го сакаме и да го научиме како да покаже дека некој му значи.

Различни луѓе имаат различна дефиниција за љубовта и затоа љубовта ја покажуваат на различни начини. Токму поради тоа, тие на различни начини очекуваат саканата личност да им ја покаже нивната љубов. Некои сакаат големи дела, некои се задоволни и со ситници.

Уште кога бевме мали знаевме дека кога детето од прва клупа ќе не удри не симпатизира. Не за џабе постои онаа добро позната “ко се бие тај се воли“.

Како да покажете некому дека навистина го сакате, за да го почувствува тоа? Сите имаме различни начини на кои ја покажуваме љубовта. Некои тоа го покажуваат тивко и мирно, а некои бурно и јавно.

И затоа, ако некој се почувствува понекогаш дека има недостиг на љубов во врската, потребно е да биде искрен и да му го каже тоа на партнерот. Не секој знае како да покаже дека сака. Не секој сака да ги покажува своите чувства отворено и искрено. Затоа, бидете трпеливи. Но, нема ништо лошо во тоа да покажете дека сте заљубени!

Би можело да ве интересира:

„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Порака до сите љубовници: „Не барајте мир во туѓа неволја и не се лажете дека не сте виновни“ Зошто постојат жени што прифаќаат да бидат нечии љубовници? Зошто веќе не се цен...
Што е „предвремена интимност“ и колку време треба да чекате за првиот секс, според експерт за врски Знаете ли што е „предвремена интимност“? Таа не се однесува само на сексот, туку...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...
6 знаци дека имате лош сексуален живот (и како да се поправите), според сексолог (18+) „Добриот секс не е шоу, ниту филм. Нема потреба да си создавате таков притисок“ ...
Луѓе ги споделуваат најсмешните митови за сексот што ги слушнале (и во кои верувале) (18+) „Кога бев во средно, тогашниот дечко ми рече дека поради триењето, сексот може д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg