Ти си ми љубов!
Замисли дека целиот свет може да биде наш. Целиот свет – еден бескрајно голем подиум на кој ќе танцуваме цел живот.
Замисли дека никогаш нема да сонуваме кошмари. Замисли дека ќе сонуваш покрај мене.
Ќе сонуваш покрај најголемата љубов. И јас исто. Ти ми си љубов. Моја најголема, моја најстрасна, моја најважна.
Ти ми си љубов, онаква каква што некои ја чекаат цел живот, а никогаш не ја дочекуваат.
Ти ми си се... Инспирација за работа во дождливите ноќи, мотивот за кој се расонувам, причината која со љубов ме тера да се вљубувам секој миг, долги години!
Ти си приказната на која сите сакам да им ја раскажам. Приказна која не ја собира ни во дваесет тома.
Ти си радоста на моето постоење.
Ти си освежувачки дожд среде лето.
Ти си највкусниот плод на есен.
Ти си топлина среде зима.
Ти си сонце во рана пролет.
Ти ми си љубов, вчера, денес, утре, засекогаш!
Автор: М.К. | Црнобело