7 типови на сингл девојки. Која сте вие?
Каков ви е животот зависи од тоа како ги прифаќате работите кои ви се случуваат.
Ова се 7 Типови на „слингл“ девојки, пронајдете се во кој тип спаѓате вие:
Романтична
Вие барате врска како онаа во „The Notebook “. Некој кој ќе ве гали со многу љубов, додека ви кажува поезија на уво, некој кој ќе ви подготвува романтични вечери. И доколку го чекате вашиот принц – сродна душа, нема ништо лошо во тоа. Само запомнете мажите во вистинскиот живот не се однесуваат како ликови во филмовите кои ги глуми Рајан Гослинг.
Цинична
Вие не сте будала. Вас ве извисиле еднаш или два пати и сега имате одбранбен ѕид како со НАСА да сте го граделе. Кога ќе запознаете момче вие нема да паднете во несвест по него, затоа што доста вие од игри и скршени срца. Тоа е во ред, но со ваквиот став можете да одбиете многу пристојни понуди!
Пребирливата кучка
Вие сте бомба и тоа го знаете, па до вашето внимание е навистина тешко да се дојде. Ако момчето не ги исполнува сите точки од списокот за тоа каков треба да е вашиот дечко тогаш нема ниту зашто да му се обраќате. Знајте дека љубовта е авантура и можете да имате многу такви, не ги одбивајте момците само затоа што не се тоа што сте си замислиле.
Онаа која постојано излага на состаноци
Онаа која постојано е разочарана. Па, нормално тоа е затоа што излегувате со сите на состанок и нормално е да ви се досадни и неинтересни. Да бидете отворени за нови познанства и дружби е супер, но да бидете премногу отворени не е здраво!
Очајната
Вие сте нешто слично како онаа која постојано излегува на состаноци, но со други причини. Вие излегувате со сите но со страв дека повторно ќе останете сама. Прекинете да се форсирате и депримирате. Форсирањето секогаш носи нешто сосема спротивно од она што го посакувате.
Фаталната
Вие сте подготвена, не како очајната, туку вие сте подготвени да ги откачите сите затоа што знаете какви глупости ве чекаат, а едноставно не можете да се замарате со тоа. Тоа не е проблем, сè уште не сте ја сретнале вистинската личност. Но, за да стигнете до неа треба да поминете низ неколку скршени срца, раскинувања и главоболки – не е толку страшно!
Алфа женка
Вие сте крајно независна. Полна со самодоверба, немате само работа туку и кариера! Сакате да имате љубов во вашиот живот, но нема да можете да поднесете да имате дечко кој нема да може да го прати вашиот чекор. А таков сè уште не се појавил. Она што треба да направите ако сакате љубов е да подготвите соба во вашето срце за љубовта - ете толку е лесно.