Зошто мажите се женат?
Одлуката за стапување во брак, поголемиот број на луѓе ја донесуваат еднаш во животот, но не се одлучуваат сите за тој чекор од иста причина. Некои...
...бараат замена за мајчинската љубов, а некои за да станат родители.
Причините поради кои мажот ја запросува жената се бројни, но неколку се наоѓаат на врвот на “топ листата”.
Кај мнозинството мажи, потребата за жена во животот е надоместок за мајчинска љубов, која ја добивале во раниот период.
На нив им треба жена, која може да им покаже иста таква грижлива љубов и која може да ги задоволи машките психички и емотивни потреби.
Тоа е воедно и причината, поради која мажите во својата идна жена ги бараат квалитетите кои ги поседува нивната мајка.
Втора причина поради која мажите се впуштаат во брак е потребата да имаат животен другар, со кој ќе можат да ги споделуваат потребите и желбите.
Третата причина на листата, е љубовта. Кога мажот ќе почувствува дека определена жена го сака, тој посакува во потполност да ја поседува. Ова може да се чини како погрешна причина, но такви се луѓето. Во човечката природа е да се сака да се поседува она, за кое копнеат.
Во некои случаи, мажот може да се одлучи за брак затоа што жената забременила и носи негово дете.
Некои мажи сакаат да се оженат со жената која има иста кариера како и тие, па така да можат подобро да се прилагодат еден на друг. Сосем е вообичаено да доктор се ожени со докторка или адвокат со адвокатка. Така подобро се разбираат.
Накратко, најчестите причини, поради кои мажите се женат:
- желбата за љубов каква што им овозможила мајка им
- копнежот за животен пријател
- љубов
- бременост
- заедничка кариера заради полесно прилагодување