Што зборуваат момците за девојките кога се со своите пријатели?
Сите знаеме дека женските го споделуваат секој детаљ од денот со своите пријателки. Но за што зборуваат мажите за жените кога се насамо?
Прочитајте и проверете дали ќе се изненадите:
1. Горди се на вас и на вашата врска.
2. Тие се визуелни суштества, па секој пат ќе зборуваат колку сте згодна и убава, но секако дека ги ценат и малите работи кои ги правите за нив, како на пример некој колач кој што сте го припремиле за него.
3. На секој раскажуваат како сте се запознале и таа приказна ќе ја раскажува повторно и повторно кога има некој кој ќе сака да ги слуша.
4. Сите ќе дознаат пред вас за изненадувањето кое го подготвува.
5. На сите пријатели ќе раскаже какви планови има со вас, затоа што сака да слушне совет и да го одбере најдоброто за вас.
6. Своите фрустрации ќе ги сподели со пријателите.
7. Ако сте се карале за некоја ситница тој ќе побара совет од неговите пријатели. Не лутете му се затоа што тој само ќе сака да ја подобри ситуацијата.