Скршено срце: 3 начини да ја излекувате траумата од раскинувањето
Доколку некого сте сакале, болниот дел е периодот по раскинувањето. Но, мора да се оди понатаму и мора да се поминат сите фази за навистина да помините преку тоа.
Еве три начини со кои можете да ја преминете траумата:
Не бегајте од болката
Таа е неизбежна и следува по раскинувањето. Не се обидувајте да ја избегнете со алкохол и со опивање до бескрај. Се поминало па ќе помине и таа болка, но не форсирајте.
Научете нешто од болката
Размислете што ве правело да се чувствувате несреќни, размислете како би го промениле тоа во иднина, каква врска сте имале а каква сакате да имате. Направете го корисно тоа доживување, не само да се жалите!
Не очекувајте ништо
Не размислувајте дали тој ќе се врати, дали ќе си најде друга. Не ги форсирајте шансите кои ви доаѓаат. Не си создавајте никакви очекувања, реални и нереални. Оставете ги работите едноставно да се случуваат.