5 начини како суптилно да го натерате да ве покани на состанок

Веќе подолго време ви се допаѓа некое момче, знаете дека и вие нему, а не знаете како да го натерате да ве покани да излезете.

5-nachini-za-suptilno-da-go-naterate-da-ve-pokani-na-sostanok-001.jpg

Еве неколку начини како успешно да го заведете момчето кое ви се допаѓа:


Бидете свои

Во ред е да си играте „топло- ладно“ но, не претерувајте. Треба да ја запознае вистинската вие, а не некое лажно лице кое ќе му го претставите на првиот состанок.

Ако ви зборува за неговиот омилен тим, слушајте го, но не се правете како да сте од раѓање фан баш на тој тим. Да бидете природна е најдобриот начин да го натерате момчето да ве покани да излезете.

5-nachini-za-suptilno-da-go-naterate-da-ve-pokani-na-sostanok-02.jpg


Облечете како што би се облекле за нормално излегување

Не се облекувајте на поинаков начин затоа што мислите дека тоа нему ќе му се допадне, бидејќи тој ќе забележи дека вие очајно се трудите да му се допаднете.

Облечете се онака како што вам најдобро ви прилега и онака како што најдобро би се чувствувале.

5-nachini-za-suptilno-da-go-naterate-da-ve-pokani-na-sostanok-2.JPG


Истакнете ги вашите најдобри физички карактеристики

Знаеме дека сакате да ги следите модните трендови, но потрудете се да не изгледате смешно. Премногу експериментирање не е добро.

Одберете ги боите кои ви ги истакнуваат очите, здолништето кое ви ги истакнува нозете. Најважно од сè е да се чувствувате пријатно.

5-nachini-za-suptilno-da-go-naterate-da-ve-pokani-na-sostanok-3.jpg


Контакт со очите

Тоа е навистина добра работа. Можете многу да кажете со очите – како на пример дека сте заинтересирани за него.

Секогаш кога е можно имајте контакт со очите, но немојте да бидете премногу очигледна. Ако успеете да го фатите како гледа во вас – уште подобро. Насмевнете му се и охрабрете го да ве покани.

5-nachini-za-suptilno-da-go-naterate-da-ve-pokani-na-sostanok-4.jpg


Нека ви блесне насмевката

Едно од најмоќните оружја на заведувањето – насмевката! Нема полесен начин да го натерате момчето да ве покани да излезете и да го заинтересирате за вас од тоа да му подарите една голема, искрена, палава насмевка. 

5-nachini-za-suptilno-da-go-naterate-da-ve-pokani-na-sostanok-5.jpg

Би можело да ве интересира:

Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg