ДНК тест открива неверство
Неколку лаборатории во Мексико започнаа со тестирања на ДНК за оние кои се сомневаат во верноста на својот партнер. "Ако некој смета дека е изневерен...
... може да ни донесе долна облека, чаршафи, траги од сперма, плунка или влакно", објаснува директорот на една од лабораториите.
Тестот ќе се утврди дали ДНК од овие предмети се на клиентот или припаѓаат на некој друг. Процесот трае помеѓу 4 и 6 дена и чини од 200 до 500 долари.
Тестовите на ДНК-а за приватни цели не се забранети во Мексико. Лабораториите понекогаш може да примат и по 50 барања за тестирање на ден. Секој шести жител на Мексико се сомнева во својот партнер според анкетата спроведена во 2008 година.
Од друга страна, и покрај постоењето на ваквите тестови, некои научници сметаат дека мажите имаат пооштро око при откривање на неверство, па тестовите не им се неопходни.
Имено, тие велат дека мажите се повнимателни и полесно го откриваат неверството на својата партнерка, и покрај тоа што жените се сметаат за многу вешти при лажење и криење на аферите со други мажи.
Професорот Пол Ендру ги анализираше хетеросексуалните парови во однос на нивните сексуални навики и односи со партнерот.
Дури 29% од мажите изјавиле дека ја изневериле својата партнерка, а во 18,5% од случаевите изневерувале жените.
Интересно е дека во 75% од случаевите, мажите ги откриле неверствата на својата партнерка, додека 41% од жените ги окриваат аферите на своите мажи.
Истражувањата покажале дека мажите многу повеќе се сомневаат во неверството на својата партнерка, дури и коа тие се навистина верни.
Проф. Ендру објаснува дека за разлика од жените, мажите не можат да бидат комплетно сигурни за татковството на своите деца: "Кога жената е неверна, мажот може да ја испушти можноста за репродукција и да открие дека тој одгледува дете на друг маж, па со тоа со текот на времето кај мажите се развил еден вид на 'детектор' за откривање на неверство кај своите партнерки".