Сунѓер, банана, краставица: Фази низ кој минува ерекцијата на пенисот
Сосема нормално е секоја ерекција да не е иста, односно пенисот за време на сексуалниот однос понекогаш да е помалку цврст. Но, ако тој не може да постигне полна тврдост или паѓа за време на односот, постои можност од сериозни здравствени проблеми.
Ако вашиот партнер се помалку постигнува ерекција, време да седнете и да разговарате со него за да му помогнете. Можеби време е да го посети лекарот и да направи некои основни анализи.
Околу 52% од мажите меѓу 40 и 70 годишна возраст искусуваат еректилна дисфункција, но денес и се поголем број на млади го имаат истиот проблем.
Најчести причинители на еректилната дисфункција се: стресот; прекумерното уживање во алкохолот, цигарите и други видови на опијати; но и намалената самодоверба и проблемите во љубовната врска.
Кај постарите причинителите се сосема поинакви, односно тие се од физиолошка природа.
За оваа цел, една биофармацефтска компанија развила скала на ерекцијата за да им помогне на мажите и нивните партнерки да го препознаат проблемот и да го решат.
Фаза 1: Сунѓер
Малку е поголем него кога е во состојба на целосна релаксација, но и натаму е доволно мек за да не може да се случи пенетрација.
Фаза 2: Банана со отстранета лушпа
Пенисот е потврд, но не доволно за да се случи пенетрација.
Фаза 3: Банана со лушпа
Пенисот е подигнат и можна е пенетрација, но од главата можете да забележите дека не е во состојба на потполна ерекција.
Фаза 4: Краставица
Пенисот е подигнат и во состојба на потполна ерекција.
Проблем постои ако:
Ако сте имале однос и неговиот пенис бил во четвртата фаза, но не се случија ејакулација, тој најверојатно е под стрес. Ако за време на сексот тој ја достигнува само третата фаза постои можност од некаков проблем, посебно ако тоа често се случува.
Како се лечи еректилна дисфункција?
Ако постои проблем, потребно е да се направат бројни истражувања кои го вклучуваат и хормоналниот статус. Кај благите промени решение е промена на исхраната и начинот на живеење, а во некои случаи лекарот може да препорача и лекарства за правилен проток на крвта.