Како правилно да флертувате со момчето кое ви се допаѓа?

Пијана со недоличното однесување на истурање чаши, допири на забранети места и небулозни разговори. Така ниту еден маж нема да биде заинтригиран.

kako-pravilno-da-flertuvash-so-mazot-koj-ti-se-dopagja-01.jpg

Ако сакате мажите да ги натерате да посакаат подобро да се запознаат со вас најдобро е да ги промените тактиките на флертување и да бидете недостижни.

Ако посакувате да се покажете во најдобро можно светло, тогаш потребно е да се држите до овие работи:

1. Стоп на кикотењето

Девојките кои се кикотат без некоја посебна причина личат на „будали“. Ако во негова близина сте толку гласни што целиот бар ве слуша, немојте да мислите дека повторно ќе посака да биде покрај вас.


2. Немојте да бидете претерано релаксирани

Пијанството нема ниту еден маж да го воодушеви. Ако претерате и го загубите „компасот на женственост и сензуалност“ тој ќе гледа што е можно побргу да избега од вас.

kako-pravilno-da-flertuvash-so-mazot-koj-ti-se-dopagja-1.jpg


3. Не избегнувајте конкретни одговори

Кога мажите ви поставуваат конкретни прашања, тие очекуваат и конкретни одговори. Не се плашете дека ќе го расчистите облакот на мистерија околу вас.


4. Не лажете за да бидете „кул“

Не ви е потребно преувеличување за во неговите очи да изгледате како „кул“ девојка. Останете тоа што сте и бидете реални, бидејќи кога ќе се открие вистината тој ќе биде разочаран.


5. Ослободете се од ставот „гледам и едвај дишам“

Кога сте во негова близина не го губете разумот и при неговата појава не ги отворајте очите широко како да сте виделе некое чудо. Контролирајте ја возбудата.

kako-pravilno-da-flertuvash-so-mazot-koj-ti-se-dopagja-2.jpg

6. Не бидете злобни

Циничните досетки и иронијата нема да ви помогнат, во најмала рака само ќе изгледа како да се некултурни.


7. Ослободете се од ставот „Среќен си што ме имаш мене“

Престанете да му давате до знаење дека кога ќе ве погледнат мажите, тие веднаш полудуваат по вас и да му го вметнувате во глава ставот дека тој е добитник на бинго со вас.


8. Покажете заинтересираност

Не треба да ви биде непријатно во мала мера да му покажете дека сте заинтересирани. Ако глумите силно недостижна дама може да помисли дека воопшто нема шанси.

kako-pravilno-da-flertuvash-so-mazot-koj-ti-se-dopagja-3.jpg

9. Не бидете ладни како мраз

Ако мислите дека жените кои се ладни како мраз имаат повеќе шанси кај мажите, се лажете. Тој ќе мисли дека не знаете да покажете емоции или дека не треба да се труди околу вас.


10. Буквално сè што тој сака ви се допаѓа?

Не е нормално целосно да имате исти ставови и допаѓања и токму затоа, не се трудете да го лажете за одредени работи кои навистина не ви се допаѓаат.


11. Не го ловете на социјалните мрежи

Ослободете се од манијакалните потреби да го следите на Фејсбук и Инстаграм и се што ќе објави да му лајкувате. Тоа воопшто нема да му се допадне.

kako-pravilno-da-flertuvash-so-mazot-koj-ti-se-dopagja-4.jpg

12. Смислите подобра фора од намигнувањето

Колку и да ви се чини како добра идеја, не помислувајте со намигнување да стапите во прв контакт со мажот кој ви се допаѓа.


13. Не бидете детинести

Ако сакате нешто повеќе, треба и да направите нешто повеќе. Не мислете дека следењето или средношколското „мување“ ќе остават добар впечаток за вас.

Би можело да ве интересира:

„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg