Вистината зошто има друга?
Не е до тебе. До него е ... Не, навистина. Многу од нештата кои ги тераат мажите да имаат “швалерки“, е малку поврзано со тебе, а многу со тоа што се наоѓа...
...помеѓу неговите уши и нозе.
1. Веќе те познава (очигледно)
Има нешто навистина убаво во тоа да бидете удобни еден со друг, и машките така размислуваат. Но, со тоа познанство, тој губи дел од желбата да те посакува. Сигурно се прашувате - А што е непознато? Тоа како изгледаат другите жени голи?!
2. Другар му исто има друга
Ако еден од другарите на твојот дечко, “работи настрана“ без да биде фатен, твојот дечко ќе почне да го гледа изневерувањето како нешто сосема поинакво. Покрај се, мажите се водат од тоа да прават глупави работи ако нивните другари ги подржуваат или го направат тоа први.
Ако неговите другари му кажат или му покажат дека нема никакви последници ваквото однесување, тој може да ги заборави сите останати причини зошто да не изневерува.
3. Шефот го уништил
Кога егото на еден маж ќе биде уништено на мали парчиња, најбрзиот начин за него да покаже и докаже дека сеуште е привлечен, може да заведува, и да има секс со секоја жена што ќе ја посака ... или, алтернативата, со било која “цура“ која се наоѓа на другиот крај од шанкот.
4. Неговата опсесија со фудбал не и смета на другата
Ако некоја друга жена не е свесна за неговите здодевни навики и не е натерана да ги издржува подолг период од времето, тоа е исто како и да не постојат. Барањето на такви услови е полесно за некои мажи отколку тоа да го променат своето безвезно однесување кон своите девојки.
5. Згодна девојка штотуку помина покрај него
Да, мажите знаат кога женска ги мерка - но не на истиот начин на кој мажите ги меркаат жените.
Машките веднаш се замислуваат како имаат секс со некоја која е згодна, и таа постојана стимулација може да биде премногу.
Тоа е исто ако некој згоден дечко кој си го приметила да ти пишува љубовни пораки додека спасува маченце со својот мотор. Доби јасна слика?!
6. Може да го рационализира тоа
Мажите обожаваат игри. А игрите се всушност показател до колку можеш да ги искривуваш правилата. Многу машки имаат еластични дефиниции за тоа што е мамење. Гушкање и бакнување е во ред ако е на подиумот за играње ... нели, ако е пијан тогаш се е во ред, и секако мора да се спомене, стриптизерки не се земаат во предвид.
7. Сфаќа дека е кукавица
Понекогаш машките изневеруваат не поради тоа што тие тоа го сакаат, туку поради тоа што сакаат да ги прекинат врските целосно. Размислува на “разговорот“ околу “врската“ кој најверојатно ќе биде “емотивен“ - и кој сака да се справува со тие работи?!
Наместо тоа, тој ќе се преправа дека не е во врска, нешто што му одговара, или пак, ќе се однесува толку лошо што ќе ја натера својата девојка да ги прекине работите за него. Гениј, нели?!