30 пресудни разлики меѓу детската и зрелата врска
Ниедна врска не е иста, па затоа секоја е прекрасна прилика да стекнете ново искуство, да откриете нови информации за другите луѓе, но и за самите себе. Дури и од најлошите врски можете многу да научите.
На крајот од краиштата, како ќе знаете што сакате и што ве прави среќни, ако не сте доживеале лошо искуство?
За жал, сите лоши врски најчесто се предизвикани од неискуство и младачки занес.
Но, која е границата? По кои работи се разликува детската и незрела од зрелата врска?
1. Во детската сè се врти околу вниманието, а во зрелата околу намерите.
2. Детските врски започнуваат кавги, зрелите учат од нив.
3. Во детската врска сè е околу „мене“, додека во зрелата околу „нас“.
4. Детските врски се полни со драми, а зрелите едноставно ве исполнуваат.
5. Детските врски се загрижени со „топло-ладно“ игри, додека зрелите немаат време за нив.
6. Во детската врска важен е изгледот, а во зрелата емоциите.
7. Детските врски ви ја нагризуваат душата, зрелите ви ја хранат.
8. Детските врски се евтини жестоки пијалаци на бар, додека зрелите се шише скапо вино.
9. Детските врски се одвиваат пребрзо, во зрелите едноставно уживате.
10. Во детските врски често се изговара „ми требаш“, а во зрелите „те сакам“.
11. Во детските врски „те сакам“ е прекинување на кавгата, во зрелите врски истите зборчиња се почеток на прекрасна иднина.
12. Детските врски се вртат околу подароците, а зрелите околу заедничките трошоци.
13. Детските врски создаваат несигурности, зрелите ги отстрануваат.
14. Детските врски се пречка, зрелите мотивација во животот.
15. Во детските врски најважен е сексот, во зрелите врски поважна е интимноста во секоја смисла.
16. Во детските врски важно е туѓото мислење, во зрелите само вашето.
17. Во детските врски се бара „игла во сено“, во зрелата врска се бара заеднички дом.
18. Детските врски ве прават послаби, зрелите ве прават моќни и сигурни.
19. Во детските се зборува за моментот, а во зрелите врски за вечноста.
20. Детските врски ве тераат да се преиспитувате, зрелите ви ја градат самодовербата.
21. Детските врски се прекинуваат заради предолго мирување во место, во зрелите и молчењето е среќно.
22. Во детските врски плачете, во зрелите плачете само од предолго смеење.
23. Детската врска ви поставува милион прашања, а зрелата е одговор на сите прашања.
24. Во детските врски се префрла, а во зрелите се налева чаша вино и се разговара.
25. Детските врски се етикетираат, зрелите врски напредуваат.
26. Детските врски испробуваат постојано нови работи, а зрелите ги усовршуваат.
27. Детските врски се гледаат, а зрелите се слушаат.
28. Детските врски следат одредени временски рокови, зрелите врски ги немаат.
29. Повеќето детски врски се тајни, зрелите се искрени.
30. За детската врска ви е потребна секојдневна потврда, за зрелата нема потреба од докажување.
Нешто да додадете?