Што научивме од поранешните девојки?
Додека девојките го кријат или намалуваат бројот на поранешни партнери, момците гордо се фалат со бројката. Но, колку и да се фалат со бројката, секогаш по некој маж останува длабоко повреден од поранешна девојка.
Исто како што ги советуваме девојките дека претходните партнери се лекција, така ќе кажеме и за момците, поранешните девојки се супер лекција кои ќе ве направат подобар човек.
Еве што се може да научите од минатото...
Поранешните девојки ќе ве научат дека и жените изневеруваат. Не сите, туку оние кои со вас се од навика и без грам љубов.
Тие ќе ве научат дека некои девојки носат маски на совршени се додека не ви влезат во креветот, под кожа и во кујната на вашата мајка.
Поранешните девојки ќе ве научат што отприлика сакаат девојките во постелата, па идната ќе биде задоволна од вашите вештини во креветот.
Тие ќе ве научат дека врските не опстојуваат без компромис. Ако вие бевте тие кои не прифаќаа компромис, променете се. На крајот од денот не е важно кој што направил, туку да си легнете еден покрај друг, спокојни.
Поранешните девојки ќе ве натераат да сфатите дека сите правиме погрешни избори. Првиот впечаток е секогаш погрешен.
Девојките од минатото ве тераат да ја правите разликата межу добрата и убавата жена, искрената и лицемерната, верната и неверната, онаа за неколку месеци страст и онаа за долги години заеднички живот.
Тие ќе ве научат дека онаа вистинската секогаш се труди околу врската и отворено се соочува со проблемите наместо да бега од нив како мало девојче кое бега од големо куче.
Тие, во најдобриот случај, ќе ве направат поразумен и потолерантен човек.
Секогаш кога вашата сегашна девојка ќе промрмори нешто под нос за вашата поранешна, таа всушност е среќна, затоа што ако претходните не беа поранешни таа сега немаше да ве има покрај себе.