5 типови на мажи кои не сакаат ни да слушнат за поимот „брак“
Додека за некои мажи логичен следен чекор по љубовната врска е стапувањето во брак, за некои тоа е чин кој треба да се избегнува по секоја цена.
Долго време сте во врска? Проверете можеби вашиот партнер е токму еден од овие типови на мажи кои не сакаат да стапат во брак со вас:
Тип број 1: Помогни ми да се подготвам за брак
Овој тип на маж се претставува како некој на кому му е потребна помош и поддршка најчесто под изговор дека имал лоша судбина или пример за несреќен брак се неговите разведени родители.
Неговата несигурност е резултат токму од овие ситуации и секој изговор му завршува со приказна за неговите проблеми.
Причина поради која тој сè уште е со вас е стравот од самотија и фактот дека секогаш се чувствува подобро покрај жена која ја има секогаш кога ќе посака.
Тип број 2: Само збори за бракот
Негова главна карактеристика се убавите зборови кои секогаш успеваат да ве разнежнат и да би дадат идеја дека тој вистински сака да го помине целиот свој живот токму со вас.
За жал тоа се само празни зборови и од него нема да добиете буквално ништо.
Тип број 3: Тој само сонува
Тој многу добро знае какви се вашите соништа, а бидејќи е доволно креативен успева да ви ја исценира свадбата до најситен детаљ.
Со него можете да зборувате колку сакате за свадба, но таа никогаш нема да биде повеќе од само зборови кои немаат никаква врска со иднината.
На било какви прашања, директни или индиректни, од него ќе го добивате одговорот: „Кога ќе посакаш ти мила“.
Тип број 4: Ајде прво малку да се забавуваме
За него самите почетоци на врската се забавни. Во тие мигови покрај него се чувствувате како вистинска кралица.
Но, тука завршува приказната. Вие ќе сметате дека со него можете да имате одлична иднина, но на било какво спомнување на свадба секогаш ќе добивате негативен одговор или изговори кои ќе ве оттргнат од разговорот.
Најчесто употребувана реченица „Немој сега за тоа да зборуваш, ќе ми го уништиш расположението“.
Тип број 5: Секогаш ќе има добар изговор
Станува збор за високо манипулативен човек кој сака да ве задржи, сака да бидете тука покрај него, но само за задоволување на себичните потреби и ништо повеќе.
Со овој тип потребно ќе ви биде многу време да сфатите дека иднина нема. Неговите изговори секогаш ќе ви звучат како логични и со нив секогаш ќе се согласувате.