5 знаци дека „најдобрата пријателка“ сепак му е нешто повеќе
Нема девојка која не е нервозно љубоморна на „најдобрата пријателка“ на нејзиното момче. Ако сте добро запознаени со ситуацијата, колку пати досега сте се запрашале дали нивниот однос завршува тука, на пријатели?
Доволно е да ги проверите овие 5 знаци и да откриете дали таа му е сепак нешто повеќе од најдобра пријателка.
1. Зборува за неа со воодушевување
Едно е да ја сакаш својата пријателка, но сосема друго е кога на својата девојка и зборуваш за неа со посебен сјај во очите и комплименти како за ниедна друга. Понекогаш добро е да споредите.
2. Трча кај неа кога и да има проблем
Кога ќе му се случи нешто неочекувано и непријатно, попрво ќе тркне до кај неа, отколку кај вас? Навикнат е на нејзината поддршка и тоа е прекрасно, но ако таа има „поголемо разбирање“ за неговите проблеми, тука нешто не штима.
3. Повеќе време поминува со неа
Дали мораме да објаснуваме зошто ова не нормално?
4. Нејзините работи се насекаде низ неговата соба
Ластичиња за коса, накит, по некоја маица... која му е девојка, а која пријателка? Ви треба потсетување?
5. Не се согласува со нејзиниот избор на момци
„Ниту еден не е доволно добар за неа“ е прекрасен заштитнички став, но ако истиот се граничи со љубомора, тоа е јасен знак што се случува.