За пенисот се знае, но дали големината на вагината влијае на сексуалното задоволство?

Постојано се поставува прашањето дали и како големината на пенисот влијае на сексуалното задоволство, но ретко кој се интересира како големината на вагината влијае на истото.

za-penisot-znaeme-no-dali-goleminata-na-vaginata-vlijae-na-seksualnoto-zadovolstvo-02.jpg

Ако ве интересира, еве го одговорот.

Вагината е мускул кој како и сите останати се стега и опушта. Најчесто до опуштање доаѓа заради недостаток на вежби или заради породување, па затоа најпрепорачливи се Кегеловите вежби кои ги зајакнуваат мускулите.

Сите вагини се прошируваат за време на секс, а бројот на односи НЕ влијае на големината.

Според неколку истражувања на повеќе од 200 жени, вагиналниот канал во просек е долг 9,6 сантиметри, а широк од 2,5 до 3,5 сантиметри. Во истражувањата се покажало дека две жени кои имале канал широк 2,1 сантиметар имале поболни сексуални односи.

Што се однесува до усните, односно надворешниот дел од вагината, тие во просек се долги околу 8,1 сантиметар, но распонот на големини може да варира од 4,5 до 11,5 сантиметри.

Големината на усните нема никаква врска со големината на вагината, а интересен податок е дека усните се смалуваат како што женското тело старее.

Малите усни, или внатрешните усни, го опкружуваат самиот отвор на вагината. Интересно е што левата мала усна во просек е нешто поширока (2,1 сантиметар) од десната (1,9 сантиметар). Сепак, исто како и кај надворешните усни, и овие усни немаат никаква врска со сексуалното задоволство.

Последниот податок се однесува на клиторисот и е ист како и кај сите интимни делови - големината варира од жена до жена. Неговата единствена улога е сексуалното задоволство.

Просечната ширина изнесува околу 0,8 сантиметри, а просечната должина е 1,6 сантиметри.

Сепак, и големината на клиторисот нема влијание на интензитетот на женскиот оргазам.

Некои истражувања покажале дека единствено оддалеченоста на клиторисот од вагиналниот отвор може да влијае на женскиот оргазам. Односно, колку што клиторисот е поблиску до вагиналниот отвор, поголема е можноста жената да постигне оргазам без дополнителна стимулација.

Би можело да ве интересира:

Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
Непотребни грижи за сексот што ги имаат скоро сите, според експерт (18+) Нормално е и мажите да имаат намалено либидо, а жените не треба да бидат опседна...
6 митови поради кои си го уништувате задоволството во сексот, според експерт Мислат дека секој однос треба да биде спонтан и веруваат дека страста е поважна ...
Работи за сексот, што сите ги интересираат (а срам им е да прашаат), според сексолози Колку и да се трудиме да покажеме дека сме модерни и современи, сепак има некои ...
Идеи за секс без пенетрација кои исто така пружат задоволство (18+) Покрај добропознатиот орален секс, постојат и други „игри“ во кревет кои не вклу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg