Зошто не сакам да се омажам по секоја цена?

Од почетокот на мај до почеток на октомври сите ресторани и хотели се резервирани со венчавки. Зошто? Затоа што таков е обичајот, а и време им е.

zosto-ne-sakam-da-se-omazam-po-sekoja-cena-02.jpg

Не е важно што можеби не се сродни души, не е важно што можеби било врска за една вечер или случајно останала бремена невестата, можеби можеле и подобро, но часовникот отчукува и што би рекле бабите: „Подобро врапче во рака, отколку гулаб на гранка“.

Па така, од мерак за родителите, бабите, дедовците, соседите имаме многу разведени парови, несреќни девојки или неверни партнери.

Општо познато е дека девојките секогаш доцнат, па зошто е толку проблем ако задоцнат и на „последниот воз“, наречен брак.

Можеби поради најстрашното прашање: „Што ќе кажат луѓето?“

Луѓето ќе речат: „Не се омажила, затоа што никој не ја сака“ или „Се омажи со овој, бидејќи не можела да најде подобар“. Во двата случаи озборувачите не ви се пријатели и тие само чекаат да видат кога ќе се сопнете на „лудиот камен“.

Никој сè уште не ми бил на свадба, но јас сум била на многу каде освен стандардните пирошки немало ништо друго добро. Сите обичаи се тераат, а во очи на невестата се гледа дека не ѝ е до мажење со зетов што го запознала летото во некоја пијана ноќ.

Имам отидено и на свадби а кои мојата најголема депресија ми се чинела позабавна од нивната свадба, а мојот мамурлак траел подолго од нивниот брак.

zosto-ne-sakam-da-se-omazam-po-sekoja-cena-1.jpg

За некои одењето пред матичар им е исто како одењето на аеродром. Ако се чекираат ќе полетаат, ако задоцнат, ќе тргнат утредента. Баш им е сеедно.

Има и свадби каде се глуми лудило колку е забавно, а само да прошетате по масите, ќе се изнаслушате муабети посочни од оние на пазар.

За малтретирањето на младите не сакам ни да зборувам. Сите тие обичаи во еден ден, сите тие места, матично, црква, ресторан, помеѓу секое фотосесија, па бакнежи, честитки на секое место со истите роднини, ама така е редот нели?

На крај ќе заборавите каде сте и на што сте дошле, глумите главна ѕвезда, а всушност сте маскота која треба да ги забавува другите.

Ако и во сето тоа најдете нешто што ве прави среќни и ве смирува, вие сте навистина голем оптимист.

Затоа одлучив, во љубов верувам, но во свадби „затоа што така е редот“, не!

Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Сопругот не сака да има секс со мене откако останав бремена – што да правам?“ „Не беше вака пред да останам бремена, па почнав да се мразам и себеси и него и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg