Не сакам да го најдам Вистинскиот

Сите сонуваат да го најдат Вистинскиот и најчесто тоа е некој шармантен, богат, со смисла за хумор, кој ги задоволува сите нивни желби. Јас не го сакам тој. Сакам некој што вреди да биде покрај мене.

ne-sakam-da-go-najdam-vistinskiot-001

Не сакам само уште една личност плус во мојот живот, туку личност која вистински ќе ме надополнува, од која ќе можам да учам и јас да станам подобра личност.

Врската и животот во пар треба да се одржуваат од страна на двајцата партнери, а не едниот да биде само привезок на другиот.

Можеби многумина нема да се согласат, но јас не го сакам принцот што го чекаат сите.

1. Не сакам принц, сакам професор

Сакам некој што не нуди само шарм и убавина, туку и знаење кое ме надополнува или работи со кои никогаш претходно не сум ги знаела.


2. Не сакам да го најдам тој што секогаш се согласува, туку оној кој ми кажува кога грешам

Не сакам некој што постојано ќе ми кажува дека сум во право и за сè ќе се согласува со мене. Сакам да не се плаши да ми се спротивстави и да ме натера да размислам двапати.


3. Не сакам да најдам плус еден, туку некој кој навистина ќе ме надополнува

Не сакам некој кој ќе доаѓа со мене на забави, туку некој што ќе знае да разговара со моите пријатели.


4. Не сакам некој што ќе ме однесе на состанок, туку сакам некој што ќе ме однесе во авантура

Сакам некој што нема да ме викне на вечера и филм, туку ќе ме изненади со некое ново доживување, необичен состанок, ноќно планинарење, на пример.


5. Не сакам некој на кој му е најважна формата, туку содржината

Не сакам некој што целото време го посветува во теретана за да го формира телото, туку некој што исто толку време се посветува на читање за развивање на умот.


6. Не сакам некој богат со пари, туку богат со мудрост

Не сакам некој што има многу пари, а малку памет, туку некој што е богат со мудрост за да знае што да прави кога нема пари.


7. Не сакам некој што само ми го задоволува телото, туку и некој што ми го исполнува умот

Не сакам некој што е добар само во кревет, туку и во разговорот надвор од него.


8. Не сакам совршена врска, туку врска што вреди

Не мора да биде совршена, туку да биде вредна за да се одржи и поправи тоа што не чини.

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена жена и за една работа се каам најмногу“ „Се каам што ја пренагласив улогата негова сопруга и заборавив да ги следам свои...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg