9 работи за флертот кои не ги знаете, а треба

Потребни се само неколку минути за да почувствуваме дали некој нè привлекува. Но, сите сме свесни дека кокетирањето и флертувањето е вистинска уметност во која некои многу добро се снаоѓаат, додека на некои никако не им оди. Независно во која група спаѓате вежбањето тактики никогаш не е на одмет.

9-raboti-za-flertot-koi-ne-gi-znaete-a-treba-01

Сите оние кои се занимавале со психологијата и техниката на флертот се согласни дека најважно е гледањето во очи и насмевнувањето, доколку сакате некому да дадете знак дека ви се допаѓа.

1. И на оние кои се во врска им треба флерт

Кога се зборува за кокетирањето повеќето мислат дека тоа им треба само на оние кои се сингл. Но, и на оние кои се во врска им е потребен флертот. Според едно спроведено истражување на 164 брачни парови се открило дека повеќето од нив го користат флертот како за средство за одржување и поттикнување на интимноста.


2. Постојат неколку причини за кокетирање

Според истражување во 2004 година откриени се најчестите причини за флерт. Првата причина е сексот, па забавата. Некои личности тоа го прават само за да останат во форма. Третата причина е истражување, бидејќи на тој начин и мажите и жените откриваат како е да се биде во врска.

Некои флертувања се поради стекнување почит, обидувајќи се да ја зголемат личната самодоверба. Уште една можна причина за флерт е кога треба да се добие или изнуди нешто.


3. Кој сака да се истакне, а кој има посуптилен пристап?

Очекувано, мажите се оние кои не сакаат многу заобиколување, туку побрзо стигнување до целта. Жените се оние кои сакаат да си играат и да заведуваат со посуптилен и ненаметлив пристап. Разговорот полесно го започнуваат жените, отколку мажите.

9-raboti-za-flertot-koi-ne-gi-znaete-a-treba-3.jpg

4. Мажите преценуваат, жените потценуваат

Неколку истражувања покажале дека мажите почесто имаат тенденција да го преценуваат сексуалниот интерес на жените, додека жените често го потценуваат сексуалниот интерес на мажите. Односно, мажите мислат дека жените се заинтересирани за нив и кога тоа не е така, додека жените, пак, не го забележуваат интересот на мажите дури и кога постои.


5. Различно се перцепира активноста

Според реакциите се покажало дека различна е перцепцијата на флертот. Среќното лице како емотивен израз кај жените бил најмалку атрактивен за мажите, а горделивиот став на мажите е најмалку атрактивен за жените.


6. Флертот е преговарачки процес

Флертот е преговарачки процес кој се случува по првите моменти на привлечност. Тоа е суптилн о испитување на теренот, бидејќи никој не е толку директен за да каже: ме привлекуваш, дали и јас ти се допаѓам. Флертот е особено важен бидејќи влијае и на зголемување на привлечноста.

9-raboti-za-flertot-koi-ne-gi-znaete-a-treba-2.jpg

7. Атрактивноста не е доволна

Убавината и атрактивноста на некои луѓе не значи дека со сигурност ќе имаат повеќе додворувачи. Многу е поважен опуштениот и срдечен пристап кон другите.


8. Контактот со очите навистина помага

Во едно истражување проучувани се 48 парови кои поминале по 2 минути разменувајќи гестови како гледање во очи, допири и трепкање. По тој експеримент паровите признале дека најдлабока поврзаност чувствуваат кога се гледаат во очи.


9. Интимните прашања создаваат поврзаност

Интересот кон некоја личност најдобро се покажува со разговор и конкретни прашања. Според истражување на еден универзитет во Њујорк се покажало дека луѓето стануваат поблиски кога си поставувале и одговарале на поинтимни прашања.

9-raboti-za-flertot-koi-ne-gi-znaete-a-treba-1.jpg

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...
6 знаци дека сте во здрава врска исполнета со љубов Не сте љубоморни ако партнерот отиде на патување без вас и покажувате разбирање ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg