3 митови при барање партнер
Постојат одредени предрасуди на кои сите помалку или повеќе веруваме, било тие да се засновани на соствени или туѓи искуства. Ова се 3 митови кои...
... се најчесто истакнувани:
1. Ако му покажам дека сакам врска, а не попатна авантура, ќе изгледам очајно
За да добиеме љубов, мораме и на другата страна да и дадеме до знаење дека бараме љубов, а не нешто минливо. Ако зборувате за тоа како сакате само авантура, тоа и ќе добиете.
Ако покажете дека сакате љубов, очекувајте љубов. Трудот да привлечете некој или да преминете во многу посериозна врска не е очајнички потег, туку потег со кој покажувате дека се цените себе си. Секој од нас заслужува партнер кој целосно ќе го исполнува.
И не е срамота да го искажуваме она што го сакаме.
2. Повеќе не постојат нормални места каде можам да запознаам нов партнер
Во овој мит веруваат лицата кои не се подготвени да ја превземат одговорноста за запознавање на нови, потенцијални партнери.
Ако велите не постои начин како да запознаете некој кој вам ви одговара, на тој начин се штитите себе од своите стравови од уште еден неуспешен обид.
3. Сите добри момци се зафатени
Прво морате да разберете дека ако вас ве заведува некој кој е веќе во врска, тогаш не е добар/добра за вас.
Друго нешто на што морате да обрнете внимание е тоа дека запознавањето на саканиот партнер не е работа на бројки и математички шанси.
Најдете го оној партнер кој нема да го замените за ниту 500 други. Ако навистина сакате да го најдете правиот партнер за вас, тогаш не грижете се за статистиките, туку размислете колку сакате да сте во врска и колку сте подготвени да вложите време и енергија во неа.